Страв и закани во Тетово: 36-годишник уапсен од полицијата

На 22.09.2025 година во 23:50 часот на улица ,,120“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ц.(36) од Тетово, кој бил пријавен од неговата поранешна 26-годишна девојка дека во повеќе наврати ја вознемирувал и и се заканувал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.