Рама и Макрон се пошегуваа на сметка на Трамп

На Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, албанскиот премиер Еди Рама се пошегува со францускиот претседател Емануел Макрон поради познатата грешка на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја помеша Ерменија со Албанија и постојано го изговараше Азербејџан како „Абербаџан“.

Рама му рече на Макрон дека треба да им се извини што не им честитал на Азербејџан и Албанија за „постигнатиот мировен договор“. Макрон веднаш ја прифати шегата, предизвикувајќи смеа кај сите присутни.