Ученици пронашле кутија со бела прашкаста материја во училиште

На 02.10.2025 во 15:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека ученици во тоалет на основно училиште во гостиварско село пронашле кутија со четири пакувања бела прашкаста материја.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, извршен е увид, а пронајдената материја е подигната за понатамошна анализа и постапка. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Полицијата апелира до граѓаните за внимателност и соработка при откривање на слични случаи, особено кога станува збор за потенцијално опасни материи во училишните простории.