Connect with us

Скопје

Државниот инспекторат нареди рушење на бесправните објекти на аеродромот Стенковец

Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект на спортскиот аеродром Стенковец, каде што се организираа свадби, концерти и други настани, поради тоа што објектот е дивоградба и претставува опасност по животот и здравјето на луѓето.

При вонредниот инспекциски надзор беа констатирани сериозни неправилности – салата за свадби, терасата и апартманите се користеле за настани без одобрение за градење. Инспекторатот изрече забрана за нивно користење за музички концерти, свадби и други активности до отстранување на објектот. Рокот за отстранување е 8 дена, а забраната за користење важи три дена од приемот на решението. Жалбата против решението не го одлага неговото извршување.

Аероклубот „Скопје“ претходно тврдел дека објектот има сите потребни дозволи, а сопственикот на „Дион Стенковец“ објасни дека податоците за површина од 250.000 квадратни метри се рекламна хипербола, додека реално се користат околу 35.000 квадрати.

Вонредниот инспекциски надзор бил извршен по налог на Владата, а објектот ќе треба да биде целосно отстранет согласно решението на Државниот градежен инспекторат.

Advertisement

Скопје

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се вклучени повеќе од 2.500 граѓани, механизација од Градот Скопје и општествено одговорни компании.

„Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето“, истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа практика ќе продолжи за секој кој го загрозува здравјето и чистотата на градот.

Градоначалникот ги повика граѓаните заеднички да се вложат во зачувување на чистотата на Скопје и да го одржуваат градот како достоинствен и чист простор за живеење.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Меџити: Чаир се чисти, наскоро подземни контејнери во сите населби (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала.

„Чаир се чисти. Многу скоро ќе бидат поставени подземни контејнери во сите населби,“ соопшти Меџити.

Со ова, општината очекува значително подобрување на хигиената, намалување на непријатните миризби и спречување на растурањето на сметот околу контејнерите.

Поставувањето на подземните системи за отпад е дел од пошироката стратегија за модернизација на урбаното уредување и подигање на квалитетот на живот на жителите на Чаир.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Багери и екипи на терен: Започна расчистувањето на коритото на Вардар

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот.

Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.

„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.

Ова чистење е дел од најавената акција за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во градот, која ја иницираше новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе се реализираат и на други локации низ главниот град.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг