Connect with us

Магазин

Илинденскиот војвода, Смиле Војданов (1872-1958) од село Лактиње, Дебрца полага венец на гробот на великанот Гоце Делчев во Скопје.

Смиле Војданов уште од млади години стапил во редовите на ВМОРО.
Својата храброст и вештина за војување посебно ја истакнал за време на Илинденското востание во охридскиот реон.
По крвавото задушување на илинденското востание разочаран заминал за Северна Америка. Но никогаш не се откажал од идејата и борбата за независна Македонија.

Во неговата куќа во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година со Македонци иселеници во САД ја основаат првата независна македонска група. Бил изгласан за претседател на централното раководно тело.

Преку целиот живот во САД бил македонски активист.

По Втората светска војна ја посетил Македонија и го поздравил формирањето на новата Македонска држава и со хуманитарна помош се вклучил во помагање на својот македонски народ за кој во ‘903та се борел со пушка во рака.

Тој е еден од иницијаторите и донаторите за изградбата на Медицинскиот клинички центар во Скопје.

Поради овие негови чекори бугарската историографија на војводата Смиле Војданов гледа како на родоотстапник, а македонската историографија го забележала како една од најсветлите личности во борбата за сопствена македонска држава.

Смиле Војданов починал на 4ти Март, 1958та во Понтијак, Мичиген.

Неодамна македонските активисти во САД, Гоце Панговски и Ана Дукоска ја пронаоѓаат неговата фамилија, внуците и правнуците на војводата со чија помош на гробот од војводата е одржана беседа и опело во спомен на големиот македонски син, Смиле Војданов.

Навистина направивме чудо!
Жива е Македониiа успешно ја реставрира од црно бела техника во боја оваа бесценета фотографија од војводата Смиле која првично беше со многу лош квалитет.

Слава на славниот илинденски војвода Смиле Војданов!

Извор: Жива е Македонија

Advertisement

Магазин

Тетово има со што да се гордее!

Тодор Скаловски Тетоец – Авторот на македонската химна и столб на современата македонска музика

Тодор Скаловски (21 јануари 1909, Тетово – 1 јули 2004, Скопје) е еден од најзначајните македонски композитори и диригенти, кој остави длабок белег врз музичкиот живот во Македонија. Категоризиран како дел од првата генерација повоени македонски композитори, Скаловски е автор на голем број вокални, вокално-инструментални и сценски композиции, а неговото творештво го карактеризира спојот на фолклорни мотиви со лирска и драмска изразност.

Скаловски го завршил музичкото образование во Белград, а диригентството го усовршувал на Конзерваториумот „Моцартеум“ во Салцбург кај професорот Вилхелм Фуртвенглер. Долгогодишно соработувал со Ловро Матачиќ и бил основач и прв шеф-диригент на Македонската филхармонија и Македонската опера. Како прв заменик главен уредник на Македонското Радио, тој значајно придонел за организирање на музичкиот живот во земјата, основајќи меѓу другото и фестивалите „Охридско лето“ и биеналниот меѓународен хорски фестивал во Тетово – ТЕХО.

Скаловски е автор и на музиката за државната химна на Македонија, „Денес над Македонија“, чиј текст го напиша Владо Малески во 1941 година. По Втората светска војна, песната стана химна на СР Македонија, а со осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година, со закон е прогласена за државна химна.

За својот придонес во културата, Скаловски бил член на Македонската академија на науките и уметностите од 1972 година и добитник на највисоките награди – АВНОЈ и „11 Октомври“ за животно дело. Неговите композиции се истакнуваат со употреба на хармонија, тонални и модални системи и драмски елементи, правејќи го Скаловски музички пандан на големите композитори од регионот, како Мокрањац, Трајко Прокопиев и Блаже Конески.

Со своето творештво и педагошка работа, Тодор Скаловски останува еден од столбовите на современата македонска музика и културна традиција.

Continue Reading

Магазин

Најштетниот десерт: Овие слатки се полни со тешки метали

Нова студија на Универзитетот Џорџ Вашингтон покажа дека многу производи од какао, вклучувајќи и црна чоколада, содржат загрижувачки нивоа на тешки метали. Од 72 испитани производи, 43% имале повеќе олово од дозволеното, а 35% надминале границите за кадмиум.

Истражувачите посочуваат дека дури и органско какао може да содржи повеќе тешки метали отколку неорганското, иако не е јасно дали загадувањето доаѓа од почвата или процесот на производство. Една порција не претставува голем ризик, но консумирањето поголеми количини може да биде штетно.

Тешките метали можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми: оловото влијае на крвен притисок, мозок, бубрези и репродуктивни органи, додека кадмиумот може да предизвика проблеми со мускули, коските, бубрезите и белите дробови. Научниците советуваат умерена консумација и внимателен избор на производите од какао.

Continue Reading

Магазин

Им се отвораат вратите кон среќата: Три хороскопски знаци ги очекува огромно подобрување!

Ново поглавје во животот за Близнаци, Девица и Стрелец

На 8 ноември 2025, поради Венера и Плутон, Близнаци, Девица и Стрелец ќе добијат значајни можности кои можат да го променат нивниот пат. Овој аспект ја зголемува желбата, амбицијата и привлечноста, а шансите што се отвораат бараат искреност и јасна намера.

Близнаци – ќе добијат понуда која ветува, особено во работа или лични проекти. Ова е време да се биде храбар и да се прифати предизвикот, бидејќи одлуките сега може да донесат долгорочни придобивки.

Девица – се отвора можност за личен и професионален раст. Примената на мудрост и интуиција е клучна за да се искористат шансите и да се постигнат поволни резултати.

Стрелец – ќе добијат ретка понуда за кариера која може да биде трансформативна. Прифати ја можноста со целосна посветеност и отвори се за новите искуства.

Овој ден носи интензивни можности кои бараат акција во сегашноста за да се отвори патот кон успех и личен раст.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг