Connect with us

Црна Хроника

Брутални бројки: 514 казни за брзина и 22 апсења за опасно возење!

Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 22 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Во периодот од 01.10.2025-05.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.267 издадени платни налози, 514 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 22 лица, од кои 18 за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 605 прекршоци за неправилно паркирање, 258 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 73 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 32 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и тројца пешаци и 26 возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 111 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 73 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 29 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 30 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Advertisement

Црна Хроника

Агресивен и пијан: Со 3,66 промили се судрил со полицијата

Велес – Росоманец беше приведен од полицијата поради агресивно однесување кон полициски службеници, при што се утврди дека имал 3,66 промили алкохол во крвта.

Секторот за внатрешни работи – Велес соопшти дека вчера околу 15:40 часот полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Т.Н.(46) од Росоман. Агресивното однесување се случило додека полицајците извршувале службени дејствија.

По приведувањето, лицето било задржано во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава откако ќе се документира настанот.

Continue Reading

Црна Хроника

Обид за криумчарење на рекордна количина дрога од Албанија – полицијата го спречи!

Струмица – Македонската полиција навремено го спречи обидот за криумчарење на над 60 килограми марихуана, која од Албанија требала да влезе во Македонија. Ова е уште еден доказ дека криминалот на македонската граница нема шанси за успех.

Акцијата е реализирана благодарение на максималната посветеност и контрола на колегите од Регионалниот центар Запад, а успехот е резултат на 18-месечната инвестиција во обуки, модернизација на капацитетите и развој на човечкиот потенцијал на полициските структури.

Полицијата истакнува дека македонската граница треба да остане најнепосакуваната рута за криминалните организации и дека целата држава останува решена да се спречи секое прекугранично криминално дејствие.

Continue Reading

Црна Хроника

Пронајден мртов велешанец – се чека обдукција

Во помошна просторија од својот дом во Велес вчера беше пронајден починат 70-годишниот П.Т. Според информации од СВР Велес, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

На местото на настанот е извршен увид од полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Полицијата продолжува со истрага, а случајот е класифициран како мистериозна смрт.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг