Connect with us

Спорт

Македонските репрезентативци се собраа дома пред клучните дуели во квалификациите за Мундијалот

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври следуваат два клучни натпревари – гостувањето кај Белгија на 10 октомври во Гент и дуелот со Казахстан на 13 октомври во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери без поголеми изненадувања. Од составот отпаднаа повредениот Лирим Ќамили и Димитар Митровски, а повратник е Давид Бабунски од Вардар.

Во составот се следните 26 играчи:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 октомври. Во моментов, Македонија е лидер на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс, што го прави овој октомвриски циклус клучен за пласманот на Мундијалот.

Advertisement

Спорт

Отворена продажбата на билети за квалификацискиот натпревар Велс – Македонија

Продажбата на билети за претстојниот квалификациски натпревар меѓу Велс и Македонија, кој ќе се одигра на 18 ноември во Кардиф, е веќе отворена и ќе трае до понеделник, 10 ноември, на полноќ.

Навивачите на македонската репрезентација своите билети можат да ги обезбедат онлајн преку платформата: https://eticket.ffm.mk

За македонските фанови се издвоени околу 1.500 билети, со цена од 2.800 денари, која е утврдена од страна на Фудбалската асоцијација на Велс, како организатор на натпреварот.

Македонија ќе настапи во Кардиф во рамки на новиот циклус квалификации, а поддршката од трибините се очекува да биде значајна, имајќи предвид дека во претходните гостувања македонската публика секогаш беше присутна во голем број.

Повеќе детали поврзани со патувањето и организацијата ФФМ ќе објави во наредните денови.

Continue Reading

Спорт

ГРАДИМЕ СПОРТ, ГРАДИМЕ ИДНИНА! Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини

Министерството за спорт ја заокружува годината со значајни резултати во делот на спортската инфраструктура Реализацијата на капиталните проекти и вложувања во изградба, обнова и реконструкција на спортските објекти се еден од главните приоритети на Министерството за спорт во изминатите 16 месеци со јасна цел – создавање на современи и безбеди услови за спорт и рекреација во секоја општина низ државта.

Во рамките на оваа заложба, Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини.Изградени и реконструирани се над 30 мултифункционални спортски центри, целосно реконструирани се неколку спортски сали, а започна и постапката за изградба на три нови спортски сали – во Воената академија во Скопје, во општина Аеродром (кај ФФМ) и во Крушево.

Во изминативе месеци беше откочена постапката за повеќе капитани објекти – довршена беше изградба и беа пуштени во употреба базенот во општина Кисела Вода и во Штип, во завршна фаза е базенот кај салата „Наум Наумовски Борче“, а наскоро ќе бидат во функција и базените во Битола и во Кичево.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, изрази задоволство од досегашната реализација и најави уште поинтензивна работа и нови проекти во следниот период.

-Горди сме на она што успеавме да го постигнеме во изминатиов период. Ветуваме уште повеќе работа и уште повеќе проекти – истакна Ристовски.

Видео материјалот што го проследуваме ги прикажува реализираните и отпочнатите инфраструктурни проекти и напредокот во спортската инфраструктура низ државата.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Нови комплети и 230 топки за развој на женскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија обезбеди нова спортска опрема и вкупно 230 фудбалски топки за 23 клуба кои се натпреваруваат во сите возрасни категории во женска конкуренција, информира претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

– На секој клуб му доделивме комплети за тренинг со цел да создадеме уште подобри услови за работа и напредок на младите фудбалерки низ целата држава – рече Омерагиќ.

Тој додаде дека со оваа поддршка ФФМ дава поттик за развојот на женскиот фудбал и ја потврдува својата заложба за унапредување на спортската инфраструктура и условите за тренинг на сите клубови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг