Во близина на Бачка Паланка ноќеска се преврте чамец во реката Дунав, при што според неофицијални информации на РТС има загинати лица. Во пловилото се наоѓале 11 кинески државјани.
Спасувачките екипи продолжуваат со потрага по неколку исчезнати лица, додека полицијата, брзата помош и службите за противпожарна заштита се присутни на терен.
Надлежните органи најавија дека ќе ги објават деталите и причините за несреќата по завршувањето на истрагата.
