Connect with us

Република

Повеќе од 10 дефекти го оставија Тетово без вода – ЈКП „Шари“ работи на терен

Тетово денес остана без вода поради серија дефекти на водоводната мрежа. Од Јавното комунално претпријатие „Шари“ информираа дека на повеќе од десет локации во градот се појавиле проблеми кои бараат итна интервенција.

„Поради бројните дефекти сме принудени привремено да го прекинеме водоснабдувањето во целиот град. Екипите се на терен и работат со полн капацитет за што поскоро санирање на сите дефекти“, соопштија од претпријатието.

Од „Шари“ најавуваат дека водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршувањето на сите поправки и апелираат граѓаните да покажат разбирање додека траат интервенциите.

Advertisement

Република

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа.

„Од 14:10 часот сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица – Ново Село (пред влезот за Ново Село) е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода“, информираат од АМСМ.

Дополнителни детали за несреќата ќе бидат објавени од МВР во текот на денешниот или утрешниот ден.

Continue Reading

Република

Коњановски: Џип турнеја низ Пелистер во чест на Денот на ослободувањето на Битола

Клубот „Offroad Pelister“ организираше џип турнеја низ природните убавини на Битолскиот регион, како дел од програмата за одбележување на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Учесниците имаа можност да уживаат во предизвикувачките терени и впечатливите пејзажи на Пелистер, со што уште еднаш беше истакната туристичката и рекреативната вредност на регионот.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека ваквите активности го промовираат активниот туризам и го приближуваат природното богатство на општината до граѓаните и посетителите. Според него, Пелистер и неговите патеки се идеален простор за љубителите на авантурите и рекреативните спортови.

Настанот привлече голем број учесници и поддржувачи, а организаторите најавуваат дека вакви турнеи ќе продолжат и во иднина, со цел дополнително зајакнување на туристичката понуда на Битола.

Continue Reading

Република

Лишени од слобода две лица од дебарско, поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал.

Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени и лишени од слобода, по што против нив е поднесена кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг