Connect with us

Црна Хроника

Филмска потера низ Скопје – осуденици на отпуст бегаа со Ренџ Ровер, полицијата пукала во воздух!

Лишени од слобода двајца криминалци, се обиделе да избегаат од полициска патрола

На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода. Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement

Црна Хроника

Внимвајте нов обид за измама во Тетово – со наводна сообраќајка на ќерката

На 08.11.2025 во 13:00 часот во СВР Тетово, 81- годишник од Тетово, пријавил обид за измама, односно дека на домашниот фиксен телефон тој добил телефонски повици од непознати броеви, при што наводен адвокат и наводен лекар му рекле дека неговата ќерка имала сообраќајна незгода и прегазила 15- годишно дете, кое починало на лице место, додека ќерка му има тешки телесни повреди и ако сака да ја спаси требало да даде 40.000 евра. Но, бидејќи се посомневал дека станува збор за измама, случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Ресенчанец фатен пијан со рекордни 2,78 промили додека возел низ град

Ноќеска, на 09.11.2025 во 02:10 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Л. (45) од с. Царев Двор, ресенско, кој бил фатен додека управувал патничко возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки под дејство на алкохол.

При контрола, кај возачот биле измерени дури 2,78 промили алкохол во крвта, што ја става неговата состојба во категоријата „екстремно пијан“. Возачот бил отстранет од сообраќај, а против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, казниво според член 297А од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Смртоносен судир во Србија: Еден загинат, осум повредени

Едно лице го загуби животот, а осум други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на патниот правец помеѓу Умка и Обреновац, во близина на Белград.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога патничко возило се судрило директно со автобус што сообраќал на редовна линија. Возачот на автомобилот починал на лице место.

Повредените патници од автобусот се пренесени во Ургентниот центар, каде им се укажува медицинска помош. Нивната состојба засега не е соопштена.

Полицијата изврши увид на терен, а сообраќајот на овој дел од патот е значително забавен. Причините за несреќата се уште се утврдуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг