Connect with us

Македонија

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА: МЛАДИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД МЕЛБУРН ДО ПРЕСТОЛНИНАТА НА АВСТРАЛИЈА

7 октомври 2025 година, Канбера, Австралија – Членовите на Австралиско-Македонската младинска организација “Никола Карев” и Македонската играорна група од Мелбурн, остварија дводневна посета на Федералниот парламент во Канбера и Австралиската кралска ковачница на пари.

Младите Македонци поминаа убава дружба, до наредна екскурзија. А, црвените маици и шеснаесет-зрачното жолто сонце јасно поксжува колку се посветени на Македонија и македо ските корени. За многаја лета.

Фејсбук статус на Тодор Петров

Advertisement

Македонија

ВЛЕН: ДУИ/НАИ се обидува да го продаде поразот како „реформа“

Од коалицијата ВЛЕН денеска излегоа со остра реакција, обвинувајќи дека ДУИ/НАИ не ја разбрале казната што ја добиле од гласачите на локалните избори.

Според ВЛЕН, нивната коалиција освоила 10 општини и со тоа „ја затвори вратата за измамите, ПР триковите и пропагандата“ што, според нив, ја одржувале ДУИ во живот со години.

„Но, наместо да размислуваат, сега се обидуваат да го продадат неуспехот како ‘реформа’“, се вели во соопштението.

Од ВЛЕН посочуваат дека ДУИ прво се обидела да ги протолкува локалните избори како парламентарни, што не им успеало.

„Сега, истите луѓе што се удавија себеси лажејќи со ‘референдумот’, повторно се појавуваат како ‘преродени’. Блерим Беџети се прогласува ‘реформа’, додека Бујар Османи зборува за ‘рекалибрирање’, како да заборавиле Албанците кои се тие што ја претворија државата во сопственост на една клика. Ова не е реформа, тоа е политички состав на мртва партија“, се вели во реакцијата.

Од ВЛЕН заклучуваат дека ДУИ/НАИ се „поглавје што Албанците го затворија со гласање“.

„Тие можат да ги променат своите зборови, но не и својата судбина. Народот им го одзеде политичкиот кислород и ниту ‘рекалибрирањето’ ниту ‘анализата’ не можат да ги вратат во живот. Нивната ера е завршена. ВЛЕН е иднината што Албанците веќе ја избраа“, заклучуваат од коалицијата.

Continue Reading

Македонија

МВР издало 150 опомени – Мобилен на пешачки премин ќе ве чини 40 евра

МВР наскоро ќе започне со изрекување казни за пешаците кои користат мобилен телефон додека ја преминуваат улицата. Периодот на информирање за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот е при крај, а досега, на територијата на Скопје, полицијата издала 150 предупредувања.

Според новите законски измени, казната за пешак кој користи телефон на уво или во рака додека преминува пешачки премин изнесува 40 евра. Дополнително, ако возите тротинет, мотор или трактор додека користите електронски уред, казната ќе биде 50 евра.

Од МВР појаснуваат дека мерките се воведуваат по завршување на периодот на информирање и дека граѓаните треба да се запознаат со новите одредби за да се избегнат прекршоците.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за продолжен викенд – Ова е последниот за 2025

Следен и последен неработен ден е 8 декември – што е и последен продолжен викенд годинава.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • јануари (среда), Нова Година,
  • 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука


За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг