Connect with us

Технологија

Пад на мрежата X – корисници ширум светот пријавуваат проблеми

Платформата X (поранешен Twitter) се соочи со глобален прекин во работата, а илјадници пријави на страницата Downdetector укажуваат дека сервисот престанал да функционира. Корисниците известуваат дека не можат да се најават на своите профили, да објавуваат нови објави, ниту пак да го освежат својот „фид“, при што често се појавуваат пораки за грешка.

Причината за прекинот засега не е позната, а компанијата X сè уште нема издадено официјално соопштение.

Со оглед на бројот на пријави, се претпоставува дека станува збор за поголем технички дефект кој зафатил значителен дел од инфраструктурата на мрежата. Се очекува техничкиот тим на X наскоро да објави повеќе информации, пренесува Telegraf.

Многу корисници своето незадоволство го изразија на други социјални мрежи, коментирајќи дека со часови не можат да ја вчитаат страницата.

Advertisement

Технологија

Австралија забрани две нови социјални мрежи за деца под 16 години

Австралија додаде на листата социјални мрежи со ограничен пристап за деца под 16 години, Reddit и платформата Kick, кои од 10 декември ќе бидат забранети за регистрација и користење од помлади корисници.

Со ова, бројот на забранети платформи ќе се зголеми на девет, вклучувајќи ги и Facebook, X, Snapchat, TikTok, YouTube, Instagram и Threads, пренесува BBC.

Владата предупредува дека технолошките компании не преземаат „разумни чекори“ за да деактивираат сметки на малолетници или да спречат отворање нови, ќе можат да се казнат со парични казни до 32,5 милиони долари.

Забраната не се однесува на сервиси за пораки како Discord и WhatsApp, платформи за игри како Lego Play и Roblox, ниту на едукативни платформи како Google Classroom и YouTube Kids.

Иако тинејџерите под 16 години ќе можат да гледаат видеа на YouTube, нема да можат да креираат свои профили. Некои критичари истакнуваат ризици за приватност и точноста на софтверот за проверка на возраста, додека поддржувачите на менталното здравје сметаат дека забраната може да ја отежни комуникацијата на децата.

Continue Reading

Технологија

Маск со нов удар – ја создаде „Грокипедија“, алтернатива на Википедија

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа „Грокипедија“ – нова онлајн енциклопедија која, според Маск, треба да биде „алтернатива и покоректен наследник на Википедија“.

Грокипедија е заснована на чатботот Grok, а првата верзија (0.1) веќе содржи над 885.000 дефиниции, во споредба со седум милиони на англиската Википедија. Маск најави дека верзијата 1.0 ќе биде „десет пати подобра“ и дека проектот нуди „вистина без цензура“.

Маск одамна ја обвинува Википедија за „левичарска пристрасност“, тврдејќи дека Грокипедија ќе биде непристрасна и отворена за сите. Сепак, дел од написите веќе предизвикаа контроверзии – пример, во текстот за движењето Black Lives Matter се нагласуваат немирите, но не се спомнува дека повеќето протести биле мирни.

Содржините ги создава вештачка интелигенција, која користи повеќе извори. Маск тврди дека тоа обезбедува „попрецизен и транспарентен систем на информации“. Проектот, меѓутоа, веќе е под лупа поради претходни контроверзии со Grok, што покажува дека борбата за доверба на јавноста допрва започнува.

Continue Reading

Технологија

Chrome за Андроид доби нова корисна функција – корисниците ја обожаваат!

Chrome за Android воведе нова Gemini функција наречена „Summarize“, која овозможува лесно да добиете краток преглед на долг или сложен текст за полесно разбирање.

Опцијата е достапна во стандардната верзија на Android 16 и во најновото Android 16 QPR2 Beta 2 ажурирање. За да ја активирате, држете го копчето за исклучување на телефонот кога имате отворена страница со текст.

Gemini е визуелен асистент кој може да одговори на прашања, објасни делови од текстот или да спореди предмети спомнати на страницата. Новото копче „Summarize“ дава краток преглед на содржината на страницата.

Иако можеби уште не е достапна за сите, функцијата наскоро ќе пристигне на сите уреди со Android.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг