Connect with us

Република

ВИДЕО – Коњановски: Битола ќе добие нова зграда на противпожарната единица — капитален проект вреден милион долари

Територијалната противпожарна единица во Битола, најстарата на Балканот, датира од далечната 1836 година. Како што истакна кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, овој историски факт му дава дополнителна тежина на проектот за изградба на нов современ објект за битолските пожарникари, кој тој го оцени како „вистински капитален проект“.

„Нашите пожарникари, кои секојдневно се на терен во одбрана на општината од пожари, заслужуваат најдобри услови за работа“, рече Коњановски, нагласувајќи дека новата зграда ќе биде функционална, модерна и енергетски ефикасна.

Во рамки на првата фаза, со средства од буџетот на Општина Битола во вредност од околу 53 милиони денари, веќе е изградена карабината на објектот, на парцела од 3.300 квадратни метри и со корисна површина од 1.600 квадратни метри.

Втората фаза ќе се реализира преку грант од Министерството за одбрана на САД во вредност од еден милион американски долари. Со овие средства ќе се доуреди и комплетно адаптира зградата, ќе се воспостават современи системи, ќе се уредат приодните улици и инфраструктурата околу објектот.

„Ова е проект за иднината на нашата општина и за безбедноста на сите граѓани на Битола“, истакна Коњановски, додавајќи дека на 19 октомври повикува граѓаните да дадат поддршка за континуитетот на започнатите проекти.

ВИДЕОТО може да го погледнете тука

Република

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа.

„Од 14:10 часот сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица – Ново Село (пред влезот за Ново Село) е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода“, информираат од АМСМ.

Дополнителни детали за несреќата ќе бидат објавени од МВР во текот на денешниот или утрешниот ден.

Continue Reading

Република

Коњановски: Џип турнеја низ Пелистер во чест на Денот на ослободувањето на Битола

Клубот „Offroad Pelister“ организираше џип турнеја низ природните убавини на Битолскиот регион, како дел од програмата за одбележување на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Учесниците имаа можност да уживаат во предизвикувачките терени и впечатливите пејзажи на Пелистер, со што уште еднаш беше истакната туристичката и рекреативната вредност на регионот.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека ваквите активности го промовираат активниот туризам и го приближуваат природното богатство на општината до граѓаните и посетителите. Според него, Пелистер и неговите патеки се идеален простор за љубителите на авантурите и рекреативните спортови.

Настанот привлече голем број учесници и поддржувачи, а организаторите најавуваат дека вакви турнеи ќе продолжат и во иднина, со цел дополнително зајакнување на туристичката понуда на Битола.

Continue Reading

Република

Лишени од слобода две лица од дебарско, поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал.

Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени и лишени од слобода, по што против нив е поднесена кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг