Connect with us

Црна Хроника

Полициска акција во Скопје – Има приведени

На 09/10.10.2025 година, полициски службеници од СВР Скопје извршија апсења на три лица на различни локации во градот. Лишени од слобода беа Б.П. (36) и Д.С. (26), двајцата од Скопје, како и В.З. од Хрватска.

При претрес кај нив беа пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и куршуми. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци против приведените.

СВР Скопје најавува продолжување на акциите за сузбивање на недозволената трговија со дрога во градот.

Advertisement

Црна Хроника

Скопјанец приведен по закани со пиштол во угостителски објект

На 06.11.2025 во 16:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект.

Според пријавата, околу 13:35 часот, И.С. извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Скопјанец пријави семејно насилство – сопругата и синот го нападнале

На 06.11.2025, во 18:30 часот во СВР Скопје, 66-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот бил физички нападнат во семејниот дом на подрачјето на Центар од неговата сопруга Ј.А.(51) и неговиот син.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Татко и син од осомничени за лихварство – заработиле над 700.000 денари од заем

На 06.11.2025, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци поради сомнение за кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен жител на Неготино позајмил околу 80.000 денари од нив со договор за враќање од по 20.000 денари неделно. Поради неплаќање на обврските, Н.С. и Р.С. постојано му пресметувале камата и го зголемувале долгот, па на крајот оштетениот исплатил над 700.000 денари.

По издадена судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на осомничените, при што биле пронајдени предмети поврзани со делото. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг