Connect with us

Македонија

Лишени од слобода седум возачи во Тетово, Куманово, Крива Паланка и велешко, управувале возила по дејство на алкохол и со брзина многу поголема од дозволената

На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка. Претходно, на истата улица, тој со возилото „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал со сообраќајна незгода со возило „ауди“ со кривопаланчки регистарски ознаки во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека С.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,33 промили алкохол во крвта, по што тој агресивно се однесувал кон нив при вршење на службените дејствија.

На 12.10.2025 во 11:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,56 промили алкохол во крвта.

На 12.10.2025 во 14:31 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службениц од СВР Тетово го лишија од слобода С.А.(50) од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека во населено место управувал возило „ауди“ со брзина од 108 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

На 12.10.2025 во 15:10 на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишија од слобода А.Х.(26) од с.Патишка Река, скопско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген пасат“ со брзина од 181 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час. Подоцна, откако бил ослободен тој повторно бил фатен како го управува возилото со брзина многу поголема од дозволената. Имено, на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој е затекнат како го управува возилото со брзина од 105 киометри на час на место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час.
На 12.10.2025 во 15:12 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ј.(19) од с.Слатино, тетовско, кој управувал возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.

На истото место кај наплатната станица Желино, во 15:44 часот од слобода е лишен и К.М.(28) од Радовиш затоа што радар било констатирано дека управувал патничко возило „фоилксваген артеон“ со радовишки регистарски ознаки со брзина од 173 километри на час, односно 73 километри на час повеќе од дозволеното.

На 12.10.2025 во 20:20 часот на локален пат Раштани-Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(57) од Велес. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки и патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од село Бузалково, во која со телесни повреди се здобиле Р.С. и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општа болница Велес, било утврдено дека З.Ј. управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Advertisement

Македонија

ВЛЕН: ДУИ/НАИ се обидува да го продаде поразот како „реформа“

Од коалицијата ВЛЕН денеска излегоа со остра реакција, обвинувајќи дека ДУИ/НАИ не ја разбрале казната што ја добиле од гласачите на локалните избори.

Според ВЛЕН, нивната коалиција освоила 10 општини и со тоа „ја затвори вратата за измамите, ПР триковите и пропагандата“ што, според нив, ја одржувале ДУИ во живот со години.

„Но, наместо да размислуваат, сега се обидуваат да го продадат неуспехот како ‘реформа’“, се вели во соопштението.

Од ВЛЕН посочуваат дека ДУИ прво се обидела да ги протолкува локалните избори како парламентарни, што не им успеало.

„Сега, истите луѓе што се удавија себеси лажејќи со ‘референдумот’, повторно се појавуваат како ‘преродени’. Блерим Беџети се прогласува ‘реформа’, додека Бујар Османи зборува за ‘рекалибрирање’, како да заборавиле Албанците кои се тие што ја претворија државата во сопственост на една клика. Ова не е реформа, тоа е политички состав на мртва партија“, се вели во реакцијата.

Од ВЛЕН заклучуваат дека ДУИ/НАИ се „поглавје што Албанците го затворија со гласање“.

„Тие можат да ги променат своите зборови, но не и својата судбина. Народот им го одзеде политичкиот кислород и ниту ‘рекалибрирањето’ ниту ‘анализата’ не можат да ги вратат во живот. Нивната ера е завршена. ВЛЕН е иднината што Албанците веќе ја избраа“, заклучуваат од коалицијата.

Continue Reading

Македонија

МВР издало 150 опомени – Мобилен на пешачки премин ќе ве чини 40 евра

МВР наскоро ќе започне со изрекување казни за пешаците кои користат мобилен телефон додека ја преминуваат улицата. Периодот на информирање за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот е при крај, а досега, на територијата на Скопје, полицијата издала 150 предупредувања.

Според новите законски измени, казната за пешак кој користи телефон на уво или во рака додека преминува пешачки премин изнесува 40 евра. Дополнително, ако возите тротинет, мотор или трактор додека користите електронски уред, казната ќе биде 50 евра.

Од МВР појаснуваат дека мерките се воведуваат по завршување на периодот на информирање и дека граѓаните треба да се запознаат со новите одредби за да се избегнат прекршоците.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за продолжен викенд – Ова е последниот за 2025

Следен и последен неработен ден е 8 декември – што е и последен продолжен викенд годинава.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • јануари (среда), Нова Година,
  • 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука


За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг