Connect with us

Скопје

Меџити најавува униформи и оброци за учениците во Чаир

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, претстави дел од својот изборен програм посветен на образованието, со цел да се обезбедат еднакви можности за сите ученици во општината.

Според програмата, сите ученици во основните училишта во Чаир ќе добиваат униформи, финансиски обезбедени од буџетот на општината, со што ќе се намали финансиската обврска за семејствата. Исто така, општината ќе ги покрива дневните оброци за учениците од семејства кои примаат социјална помош.

„Никој нема да остане назад. Секое дете ќе има услови да учи, да се храни и да расте со достоинство“, истакна Меџити.

Програмата предвидува и засилување на безбедноста во училиштата, со физички и технолошки мерки во соработка со образовните институции и родителите.

„Ова е Чаир кој го градиме – Чаир на еднаквост, грижа и солидарност. Општина која работи за сите и ги претвора зборовите во дела“, посочи Меџити.

Фокусот, како што додаде, е на инвестиции во иднината – децата, како најважна вредност и иднина на Чаир.

Advertisement

Скопје

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се вклучени повеќе од 2.500 граѓани, механизација од Градот Скопје и општествено одговорни компании.

„Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето“, истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа практика ќе продолжи за секој кој го загрозува здравјето и чистотата на градот.

Градоначалникот ги повика граѓаните заеднички да се вложат во зачувување на чистотата на Скопје и да го одржуваат градот како достоинствен и чист простор за живеење.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Меџити: Чаир се чисти, наскоро подземни контејнери во сите населби (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала.

„Чаир се чисти. Многу скоро ќе бидат поставени подземни контејнери во сите населби,“ соопшти Меџити.

Со ова, општината очекува значително подобрување на хигиената, намалување на непријатните миризби и спречување на растурањето на сметот околу контејнерите.

Поставувањето на подземните системи за отпад е дел од пошироката стратегија за модернизација на урбаното уредување и подигање на квалитетот на живот на жителите на Чаир.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Багери и екипи на терен: Започна расчистувањето на коритото на Вардар

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот.

Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.

„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.

Ова чистење е дел од најавената акција за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во градот, која ја иницираше новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе се реализираат и на други локации низ главниот град.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг