Connect with us

Економија

ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СРЕЌАВААТ ЗДРАВЈЕТО И БИЗНИСОТ ‒ 192,8 милиони евра оставиле граѓаните во аптекарските каси

Здравјето е највредното нешто што го имаме. Ниедно богатство не може да го замени, ниту да го спаси човекот кога телото ќе се побуни. Затоа и не е случајна изреката ‒ подобро да се спречи, отколку да се лечи.

Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што оваа вистина станува дел од секојдневието. Таа не е само простор со полици полни со лекови, туку првата станица кога здравјето ќе се наруши. Таму фармацевтот е од доверба, а зад тие производи и етикети стои жива индустрија што пулсира со здравјето на луѓето и остварува сериозна економска активност.

Анализата на порталот Пари, во која се користени податоците од Бизнис Мрежа, опфаќа 10 аптекарски фирми, кои се на врвот според приходот и добивката. Вкупно 192,8 милиони евра приходи4,7 милиони евра добивки и 2.010 вработени ја одразуваат силата и значењето на секторот трговија на мало co фармацевтски производи во македонската економија. Тоа е индустрија што постојано расте, балансирајќи меѓу здравјето на луѓето и стабилноста на пазарот.

КОИ СЕ НАЈМОЌНИТЕ БРЕНДОВИ ВО ФАРМАЦИЈАТА?

Приходите на македонските аптеки за 2024 година се движат во широк опсег ‒ од 3 до 66,1 милион евра.

Лидер е Зегин Фарм Скопје со 66,1 милион евра, што ја позиционира како најмоќен бренд и најпрепознатливо име во фармацевтската малопродажба. Компанијата, основана уште во 1989 година, има најразвиена мрежа и највисоки плати во дејноста, што се рефлектира и во стабилните финансиски резултати.

На второ место е Моја Аптека Скопје со 49,4 милиони евра приход, која потекнува од истото семејство и го пренесува искуството и стратегијата на Зегин во модерен, проширен систем.

урофарм Битола е на третата позиција со 46,6 милиони евра, а нејзините аптеки имаат широка дистрибуција во повеќе градови, со силен локален бренд.

Понатаму следат Виа Фарм Вевчани (6,7 милиони евра) со раст од 41 насто во споредба со 2023 година, Виола Скопје (5,8 милиони евра)Мента Фарм Прилеп (4,2 милиони евра)Алпи Фарм (4,5 милиони евра) и Жива Фарм Велес (3,2 милиони евра).

Извор: pari.com.mk

Advertisement

Економија

Што се случува во Србија? – Граѓаните масовно купуваат евра, менувачниците не можат да стигнат

Во некои делови на Србија се забележува недостиг од готови евра, а граѓаните масовно ги менуваат своите динари во странска валута, јавуваат локалните медиуми.

Според официјалниот курс на Народната банка на Србија (НБС), едно евро вреди 117,75 динари, но на терен цената е значително повисока. Во Бујановац, на пример, едно евро се продава за 120 динари, а менувачниците предупредуваат дека поради големата побарувачка оваа бројка наскоро може да биде надмината.

Ситуацијата се засилила поради продлабочувањето на кризата со НИС и стравувањата дека НБС може да се соочи со санкции од САД. Граѓаните масовно ги празнат своите штедни сметки и ги менуваат динарите во евра, додаваат менувачите.

НБС, сепак, потврдува дека недостигот на евра во одредени менувачници не значи дека има проблем со понудата на странска валута. Во банките и во Народната банка има доволно готовина, а каналите за снабдување функционираат непречено. Како што објаснуваат, менувачниците често ги снабдуваат едни со други и, во услови на зголемена побарувачка, ја зголемуваат цената на еврата за клиентите.

Во понеделник едно евро се купуваше за 119,5 динари, што е значително повисоко од официјалниот курс на НБС.

Continue Reading

Економија

МБИ10 во пад од 0,15%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 9 декември 2025 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,15%, спуштајќи се на 10.239,85 поени, при вкупен промет од 14,14 милиони денари. Тргувањето беше умерено, со најголем обем на активности кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои остануваат најликвидни хартии на официјалниот пазар. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени, без реализирани трансакции со обврзници .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 6.188.910 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.053.560 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 2.760.000 денари

Топ добитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,21%

Топ губитници

● Гранит АД Скопје (GRN) –0,51%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –1,99%

● Раде Кончар АД Скопје (RDK) –17,46%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на 128,73 поени, без промени. Тргувањето на Македонската берза на 9 декември 2025 година се одвиваше со вкупен промет од 14,14 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,15%. Најликвидни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, со доминантен удел во дневниот промет. Најголем раст забележа Алкалоид, додека Комерцијална банка и Гранит беа меѓу губитниците на денот. Обврзничкиот пазар остана без активности, со непроменет индекс ОМБ.

Continue Reading

Економија

Зголемување на минималната плата: Министерот Дурмиши најавува раст од 1.500 до 2.000 денари, одлуката ќе биде без притисок

durmishi

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, нагласи дека одлуката за зголемување на минималната плата нема да биде донесена под притисок, туку исклучиво врз основа на законската методологија. Тој најави дека во март 2026 година, минималната плата ќе забележи раст во опсег од 1.500 до 2.000 денари.

Дурмиши потсети дека законската рамка предвидува минималната плата да се утврдува преку формула која ги зема предвид просечната плата и трошоците за живот.

„Кога ќе има усогласување во март следната година, врз основа на параметрите што ги имаме, граѓаните ќе имаат повисока минимална плата. Тоа е формула и методологија со која се пресметува минималната плата, со што се согласуваат Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата“, изјави министерот Дурмиши за ТВ Шења.

Формулата јасно дефинира дека пресметката на минималната плата е базирана на 50% од просечната нето плата од претходната година и 50% од растот на трошоците за живот.

Според достапните податоци за изминатите 11 месеци од тековната година, министерот очекува зголемувањето да изнесува приближно 1.500 до 2.000 денари, прецизирајќи дека конечната сума ќе зависи од исходот на пресметката во март.

Дурмиши исто така посочи дека Владата останува посветена на континуирано зголемување на минималната плата.

Со ова, се потврдува дека процесот на усогласување ќе се одвива според претходно договорената и прифатена методологија од сите социјални партнери.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг