Connect with us

Република

Утре без струја половина Тетово – погледнете кои делови ќе останат во мрак!

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре, 14 октомври 2025 година, поради планирани технички зафати во електро-системот, делови од Тетово и селото Ѓепчиште ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат делови од селото Ѓепчиште, конкретно објектите што се наоѓаат во близина на игралиштето на Ренова.

Во градот Тетово, прекини се предвидени на неколку локации:

Од 09:30 до 14:30 часот ќе нема струја дел од улица Цетинска; Од 09:45 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат објектите на Авзију и МК на излез од градот; Од 12:00 до 14:00 часот прекин ќе има и во дел од викендичките на Попова Шапка, кај новата трафостаница.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да преземат соодветни мерки за заштита на електричните уреди.

Advertisement

Република

Новогодишна магија во Битола

Широк Сокак заблеска во новогодишно руво, претворајќи се во магично место за шетање и уживање. Светилки, декорации и музика создаваат празнична атмосфера, а Битола се подготвува за дочекот на 2026 година со насмевки и радост на секоја улица.

.

.

.

Фото: Апла.мк

Continue Reading

Република

Коњановски: Инвестициите во основното образование обезбедуваат подобри услови за учениците во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ООУ „Елпида Караманди“, каде во последниот период се реализирани повеќе реконструктивни зафати со цел подобрување на условите за наставно-образовниот процес.

Директорката на училиштето, Емилија Николовска-Спировски, го информираше градоначалникот дека во текот на учебната година беа реновирани две училници, еден специјализиран кабинет и дел од училишниот двор. Со реконструкцијата беа заменети подните површини со нов линолеум, поставен нов мебел – клупи и столчиња, како и реновирани санитарните простории, со што се обезбедија подобри хигиенски услови и поголема удобност за учениците.

Дополнително, беа реновирани кабинетите по хемија, биологија и природни науки, при што моментално се поставуваат нови подни плочки, со цел подобрување на лабораториските услови и подготовка за понатамошно опремување.

Во училиштниот двор е изграден мини едукативен парк, со простор за играње шах, активности како „Не лути се човече“ и детска игра „Царица“, кој поттикнува логичко размислување, тимска работа и социјализација кај учениците.

Градоначалникот Коњановски изрази задоволство од реализацијата на зафатите и потсети дека инвестирањето во образованието е една од приоритетните цели на Општина Битола, во соработка со надлежното министерство.

Continue Reading

Република

Битолскиот клуб „Заншин До“ со историски успех и пласман на Европско првенство

Членови на карате клубот „Заншин До“ од Битола денеска беа примени во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, каде што ги презентираа најновите спортски успеси. Тренерката Стевка Јанковска-Петковска го запозна градоначалникот со резултатите од натпреварите, меѓу кои и од Државното првенство за кадети и јуниори, одржано во ноември во ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто.

Битолскиот клуб „Заншин До“ освои златен и сребрен медал во ката тим, а златото на Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски им обезбеди пласман на Европското првенство во ката тим мажи, што ќе се одржи во Лимасол, Кипар. Според клубот, ова е историски резултат – првпат битолски ката тим во категоријата кадети-јуниори станува државен првак.

Сребрен медал во ката тим освоија Леона Алиловска, Елена Јончевска, Емилија Илковска и Надалина Талевска.

Градоначалникот Коњановски им честиташе за извонредните резултати и нагласи дека младите каратисти се вистински спортски амбасадори на Битола.

Клубот „Заншин До“, основан во 2012 година, е единствениот карате клуб од Битола кој е член на Карате федерацијата на Македонија, организација со 59-годишна традиција и 80 клубови од целата држава, истакна тренерката Јанковска-Петковска.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг