Полицијата во Тетово уапси 49-годишен жител на градот поради закани упатени кон новинарка на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 29 октомври 2025 година, околу 12:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р. (49) од Тетово, откако претходно истиот ден, во 10:45 часот, бил пријавен од новинарката Л.В.Т. (34) од Тетово.
Според пријавата, Ф.Р. на социјалните мрежи објавувал статуси со сериозни закани по животот на новинарката и уште неколку други лица.
Осомничениот е задржан во полициска станица во Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.








![Израелски напад во Дамаск го прекина преносот во живо: Водителката не можеше да продолжи со своето обраќање [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-17-105139.png)
