понеделник, февруари 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тоневски: Лесново ќе стане бисер на туристичката мапа на Македонија

by Уредник
30.10.2025
in Некатегоризирано

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави амбициозна програма за развој на Лесново како туристички локалитет кој ќе ги спои историјата, духовноста и природата.

Тоневски истакна дека Лесново, со својот културен бисер – Лесновскиот манастир „Св. Гаврил Лесновски“ и природниот феномен – вулканскиот кратер познат како „македонската Етна“, има потенцијал да стане препознатливо туристичко место како во земјата, така и надвор од неа.

Во рамки на програмата, предвидено е уредување на патеките за пешачење и разгледување, изградба на нов паркинг простор, поставување информативни табли и поттикнување на развојот на нови сместувачки капацитети.

„Со овие проекти, Лесново ќе добие нов живот – повеќе посетители, нови можности за локалното население и развој на културниот и еко-туризам. Нашата цел е одржлив туризам, зачувување на културното богатство и отворање нови работни места во угостителството и водичките услуги,“ изјави Тоневски.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за број 9, нагласувајќи дека со ова се инвестира во дела и во иднината на Пробиштип.

Next Post

Божиновска: Македонија инвестира во одржлива и сигурна енергетска иднина

Проданоски на свечената седница: Нов почеток за Прилеп и визија за развој

Препорачани Вести

Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава

Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава

5 месеци ago
Gmail ја добива можеби најкорисната функција досега

Gmail ја добива можеби најкорисната функција досега

9 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Базен во Пакистан: матна вода, гужва и капење само за мажибазен во пакистан стана вирален: матна вода, гужва и капење само за мажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рускиот град Белгород во целосен мрак по Украинскиот напад врз критичната инфраструктура – погодена е голема Термоелектрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НА 17 ФЕВРУАРИ ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО – РЕДОК НЕБЕСЕН ФЕНОМЕН ВИДЛИВ И ОД МАКЕДОНИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Симболот за богатство “златото” сепак не е најскапото нешто – Прочитајте кои се најскапите супстанции во светот по грам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 170 Украински камиказа дронови соборени во Брјанск: Нападната руската енергетската инфраструктура, прекини на струја и греење во Белгород

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.