Connect with us

Скопје

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Скопје

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се вклучени повеќе од 2.500 граѓани, механизација од Градот Скопје и општествено одговорни компании.

„Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето“, истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа практика ќе продолжи за секој кој го загрозува здравјето и чистотата на градот.

Градоначалникот ги повика граѓаните заеднички да се вложат во зачувување на чистотата на Скопје и да го одржуваат градот како достоинствен и чист простор за живеење.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Меџити: Чаир се чисти, наскоро подземни контејнери во сите населби (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала.

„Чаир се чисти. Многу скоро ќе бидат поставени подземни контејнери во сите населби,“ соопшти Меџити.

Со ова, општината очекува значително подобрување на хигиената, намалување на непријатните миризби и спречување на растурањето на сметот околу контејнерите.

Поставувањето на подземните системи за отпад е дел од пошироката стратегија за модернизација на урбаното уредување и подигање на квалитетот на живот на жителите на Чаир.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Багери и екипи на терен: Започна расчистувањето на коритото на Вардар

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот.

Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.

„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.

Ова чистење е дел од најавената акција за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во градот, која ја иницираше новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе се реализираат и на други локации низ главниот град.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг