Connect with us

Република

Хаким Рамадани поднел приговори по вториот круг локални избори во Брвеница

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска претпладне се поднесени 16 приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори одржани на 2 ноември. Рокот за поднесување приговори завршува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Хаким Рамадани, поддржан од ВЛЕН, поднел приговори за резултатите на избирачките места 2032, 2033, 2034 и 2035 во Брвеница. Во оваа општина победник во вториот круг е Јовица Илиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со 4.374 гласа, додека Рамадани освоил 4.224 гласа.

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела 10 приговори за избирачките места во Шуто Оризари, а Сојузот на Ромите има поднесено приговори за гласачките места 2961, 2962 и 2966 во истата општина. Таму победник е Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласа, а Ерџан Демир од коалицијата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ добил 3.406 гласа.

Коалицијата „Искуство за успех“, која го поддржуваше Стевчо Јакимовски, поднела приговори за резултатите на избирачките места 2613 и 2631 во општина Карпош. Таму победник е Сотир Лукровски, кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со 13.512 гласа, додека Јакимовски освоил 12.378 гласа.

Според информациите од ДИК, седница за одлучување по приговорите најверојатно ќе се одржи утре.

Advertisement

Република

Планирани прекини на струја утре во Тетовскиот регион

Повеќе населени места во Полошкиот регион утре ќе останат без струја поради изведување планирани технички зафати на електро-системот.

Во Тетово, прекинот е најавен за 5 декември од 06:00 до 06:30 часот и ќе ги опфати делови од село Челопек, целите села Милетино и Блаце, како и индустриските објекти во Челопек.

Во Групчин, електричната енергија ќе биде исклучена на 5 декември во периодот од 09:00 до 14:30 часот, а прекинот ќе го зафати дел од селото.

Истовремено, жителите на Селце ќе останат без струја од 09:00 до 14:00 часот, при што прекинот ќе важи за делови од населеното место.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените технички активности.

Continue Reading

Република

Тетовските цариници спречија обид за увоз на 2000 кг фалсификат прашок за перење штетен за здравјето и животната средина

Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарење на 2000 килограми фалсификат прашок за перење алишта со трговска марка Ариел, кој бил натоварен во Турција и наменет за увозник од Скопје. Станува збор за 200 вреќи од по 10 кг, кои ги повредуваат правата од интелектуална сопственост.

Одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа го извести правниот застапник на носителот на правото, кој потврди дека прашакот е фалсификат и се согласи за уништување на стоката.

Против сторителот по завршување на постапката ќе биде поднесена соодветна пријава.

Царинските службеници истакнуваат дека секојдневните заложби во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот се клучни за заштита на здравјето на граѓаните, како и за спречување на загадување на животната средина предизвикано од неконтролиран хемиски состав.

Continue Reading

Република

Битола го отвора најголемиот зимски фестивал во Македонија – Зимска Приказна 2025/2026

Од 20 до 31 декември, Битола повторно ќе се преобрази во светлечка зимска бајка со осум локации полни со празнична магија. Од Плоштадот Магнолија, преку Широк Сокак, Офицерски и Пациото на музејот, па сè до Старата чаршија и Пелистер, градот ќе се претвори во голема сцена на култура, музика и улична уметност.

На посетителите им се подготвуваат детско кино под отворено небо, живи концерти, DJ сетови, зимски базар и гастрономски изненадувања, како и светлечки инсталации што ја нагласуваат архитектурата на Битола. Секоја локација ќе нуди различна атмосфера, создавајќи празнична целина што ги опфаќа сите генерации – од децата што веруваат во чудо, до семејствата и младите кои го бараат ритамот на градот.

Организаторите потенцираат дека Зимска Приказна не е само фестивал, туку празнична приказна што ја живее целата заедница, а оваа година Битола ветува уште посветла и повесела атмосфера за сите свои посетители.

Добредојдовте во Зимска Приказна на прагот на 2026 година!

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг