Connect with us

Магазин

Биомеханичар откри зошто плачеме кога сечеме кромид и како да го избегнеме тоа со едноставен трик

Истражувачи од Универзитетот Корнел во САД открија што точно предизвикува солзи при сечењето кромид и како тоа едноставно може да се спречи. Долго време се верувало дека ладењето на кромидот помага, но новото истражување покажува дека клучот не е во температурата, туку во остриот нож и бавната, внимателна сечка.

Сузите се резултат на хемиска реакција која ослободува пропанетал S-оксид – гас кој ја иритира окото. Тој се создава кога клетките на кромидот се оштетуваат, а потоа реагира со воздухот, создавајќи фина магла која доаѓа во контакт со очите.

Биомеханичарот Зикуан Ву и неговиот тим користеле мини-гиљотина, сензори и камера со висока резолуција за да го следат ослободувањето на микрокапките од кромидот. Резултатите покажале дека остар нож и бавни, внимателни движења значително го намалуваат количеството магла што се создава, со што се намалува иритацијата на очите и се подобрува хигиената во кујната.

Истражувањето покажало дека секој слој кромид има горна и долна мембрана, а при сечење тие се пробиваат и предизвикуваат експлозивно ослободување на капки. Со туп нож, потребната сила е поголема, што ја забрзува појавата на микрокапките – тие можат да достигнат брзина од 144 км/ч и токму тие најмногу ги иритираат очите.

Популарниот мит за ладење на кромидот е демантиран – температурата нема значително влијание, а ладењето може дури и да ја влоши ситуацијата, бидејќи промените во структурата на ткивото ја зголемуваат силата потребна за сечење.

Заклучокот на истражувачите е едноставен: користете остар нож и сечете полека и внимателно. Овој метод не само што ги штити очите, туку и го намалува ширењето на бактерии, правејќи го готвењето посигурно и поугодно.

Advertisement

Магазин

CNN: Сè уште постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без туристи

Престижниот американски медиум CNN во обемна репортажа ја постави Македонија на мапата како една од последните неистражени дестинации во Јужна Европа – земја со исклучителна храна, врвно вино и речиси без туристички метеж.

Во текстот, Македонија е опишана како „пат помалку патуван“ каде драматичниот планински релјеф, слоевитата историја и искреното гостопримство создаваат уникатно културно и природно искуство. Лоцирана северно од Грција, земјата е наречена една од најпланинските во светот – каде „кога и да тргнеш, пред тебе и зад тебе има планина“.

И покрај тоа што по големина ѝ е слична на американската сојузна држава Вермонт, Македонија сè уште ги избегнува гужвите што се типични за популарните јужноевропски дестинации. Според локалните туристички работници, голем број патници само транзитираат низ земјата без да ги откријат нејзините потенцијали.

CNN ги издвојува духовните светилишта како Бигорскиот манастир и манастирот Свети Наум, а Охридското Езеро го нарекува „круниски дијамант“ со богат биодиверзитет и препознатливиот охридски бисер.

Гастрономијата е претставена како централно доживување – од „вонземски“ зеленчук произведен на мали семејни фарми, до традиционални специјалитети како ајвар, ракија, бурек, пастрмалија и тиквешките вина. Кафаната, како институција, е опишана како жив доказ за македонската традиција и културна издржливост.

Скопје се истакнува како град на контрасти со бруталистичка архитектура, османлиски дух во Старата чаршија и модерни градби, додека за авантуристите се препорачуваат Водно и кањонот Матка.

CNN заклучува дека Македонија нуди „повеќеслојно рурално искуство и едни од најубавите природни пејзажи што може да се видат во толку мала земја“, охрабрувајќи го светот да го открие овој балкански бисер пред да го преплават туристи.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

„Stranger Things“ руши рекорди: Петтата сезона има 59,6 милиони прегледи во првите пет дена

Првиот дел од долгоочекуваната петта сезона на „Stranger Things“ беше објавен на 26 ноември, а веќе во првите пет дена оствари импресивни 59,6 милиони прегледи. Според пишувањето на Variety, ова е најдобриот старт што некогаш го имала серија на англиски јазик на платформата Netflix.

Овој резултат претставува значително надминување на веќе високата гледаност на четвртата сезона. Во 2022 година, кога Netflix сè уште ја мереше гледаноста според вкупно поминати часови, серијата во првите три дена собра 287 милиони часови гледање – бројка која се пресметува околу 22 милиони прегледи. Тоа дополнително го потенцира огромниот интерес што го привлече новата сезона.

Нови рекорди уште од премиерата

Иако петтата сезона е објавена пред само неколку дена, веќе донесе втор рекорд. Поради големото исчекување, сите четири претходни сезони минатата недела се најдоа меѓу Топ 10 најгледани на Netflix – првпат една серија да има четири сезони истовремено на листата.

Но, рекордите не застанаа тука. Во периодот од 24 до 30 ноември, „Stranger Things“ стана првата серија со пет сезони во Топ 10:
–  петтата сезона го зазеде првото место,
– првата сезона беше трета со 8,9 милиони прегледи,
– четвратата сезона петта со 6,1 милиони,
– втората сезона шеста со 5,6 милиони,
– третата сезона осма со 4,6 милиони прегледи.

Финалето доаѓа на самиот крај од годината

Netflix минатата недела ги објави првите четири епизоди од новата сезона, а наредните три ќе бидат достапни за гледање на католички Божиќ, a големото финале е планирано за Нова година.

Со оглед на огромната гледаност и интересот што не се намалува, се очекува „Stranger Things“ уште долго да остане меѓу најпопуларните на Netflix. Проекциите се дека петтата сезона ќе се најде и на листата на најгледани серии на англиски јазик на сите времиња, каде моментално четвртата сезона е на третото место со 140,7 милиони прегледи во првите 91 ден.

Continue Reading

Магазин

Како изгледаше во Тетово Сејф сити во 60тите

На оваа стара фотографија се гледа милиционер кој го сопира возилото на улиците на Тетово. Сцената ја прикажува секојдневната работа на органите на редот во градот во минатото, кога контролата на сообраќајот и безбедноста беа извршувани на традиционален начин, без модерни технолошки системи.

Фото: Старо Тетово

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг