Saturday, February 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Столе Димитриевски капитулира пред љубовта: Ирина го освои срцето на голманот

by Уредник
07.11.2025
in Uncategorized

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, денеска се венча со својата партнерка Ирина Јанкуловска на интимна церемонија во Шпанија, државата каде што живее и ја продолжува кариерата во клубот Валенсија.

Свадбата беше организирана во тесен круг со присуство на семејството и најблиските пријатели, без јавни најави и медиумски присуство. И покрај приватната атмосфера, младенците на социјалните мрежи споделија дел од најубавите моменти од големиот ден.

Ирина избра елегантен сатенски венчален фустан со чисти линии, дополнет со нежна бела наметка и букет од рози. Димитриевски се појави во класичен црн костум со бела кошула, задржувајќи го препознатливиот минималистички стил.

Двојката е заедно околу една и пол година, а Јанкуловска беше присутна и покрај него при потпишувањето на договорот со Валенсија. Иако во репрезентацијата има статус на прв голман, во Ла Лига оваа сезона неговата минутажа е ограничена.

На споделените фотографии се гледаат моменти пред општинската зграда, во приватниот двор и на семејна прослава во ресторан, каде што најблиските наздравувале за почетокот на нивниот заеднички живот.

Next Post

GTA 6 нема да излезе оваа година - Ново одложување

Зеленски: Украина ќе ја поддржи средбата Трамп–Путин само во овој случај

Препорачани Вести

Глад во Газа: Цените на основните прехранбени продукти достигнаа рекордни нивоа – едно јајце чини 370 денари, килограм брашно достигнува повеќе од 2.300 денари по килограм

Глад во Газа: Цените на основните прехранбени продукти достигнаа рекордни нивоа – едно јајце чини 370 денари, килограм брашно достигнува повеќе од 2.300 денари по килограм

6 months ago

Кој заработува најмногу од туризам на Балканот?

6 months ago

Популарни Вести

  • Малолетник со тешки повреди завршил на Клинички центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на повеќе локации во Скопје – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 40-ИНА ЛИЦА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ГРЦИТЕ ИЗНУДИЛЕ УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три трикови за да го отстраните мирисот на цигари од вашиот дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.