Connect with us

Магазин

Користите само една слушалка? За една година може да имате сериозен проблем

Руски експерти предупредуваат дека користењето само една слушалка ја нарушува природната рамнотежа на слухот и со време може да доведе до сериозни оштетувања, вклучувајќи еднострана наглувост. Најризични се лицата што секојдневно ја користат на работа, како оператори во кол-центри.

Според оториноларингологот Владимир Зајцев, човечкиот слух е прилагоден за стереозвук, па едностраното оптоварување создава аномалија што прво предизвикува зуење, а потоа и губење на слухот. Првите симптоми најчесто се појавуваат по околу една година постојана употреба.

Лекарите советуваат нивото на звук во слушалката да биде пониско од бучавата во просторијата и редовно да се менува уво при слушање.

Дополнително, големите слушалки можат да го оштетат скалпот поради притисокот врз коренот на косата, па се препорачува повремено проверување на кожата на главата.

Младите и децата се особено изложени – истражувањата покажуваат дека едно од осум деца има оштетен слух поради гласна музика од слушалки. Безбеден интензитет на звук е до 80 децибели, а над тоа може да биде штетно за само неколку минути.

Стручњаците препорачуваат умерена гласност, ограничено време на слушање и користење слушалки што добро прилегаат, за да се зачува слухот на долг рок.

Advertisement

Магазин

CNN: Сè уште постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без туристи

Престижниот американски медиум CNN во обемна репортажа ја постави Македонија на мапата како една од последните неистражени дестинации во Јужна Европа – земја со исклучителна храна, врвно вино и речиси без туристички метеж.

Во текстот, Македонија е опишана како „пат помалку патуван“ каде драматичниот планински релјеф, слоевитата историја и искреното гостопримство создаваат уникатно културно и природно искуство. Лоцирана северно од Грција, земјата е наречена една од најпланинските во светот – каде „кога и да тргнеш, пред тебе и зад тебе има планина“.

И покрај тоа што по големина ѝ е слична на американската сојузна држава Вермонт, Македонија сè уште ги избегнува гужвите што се типични за популарните јужноевропски дестинации. Според локалните туристички работници, голем број патници само транзитираат низ земјата без да ги откријат нејзините потенцијали.

CNN ги издвојува духовните светилишта како Бигорскиот манастир и манастирот Свети Наум, а Охридското Езеро го нарекува „круниски дијамант“ со богат биодиверзитет и препознатливиот охридски бисер.

Гастрономијата е претставена како централно доживување – од „вонземски“ зеленчук произведен на мали семејни фарми, до традиционални специјалитети како ајвар, ракија, бурек, пастрмалија и тиквешките вина. Кафаната, како институција, е опишана како жив доказ за македонската традиција и културна издржливост.

Скопје се истакнува како град на контрасти со бруталистичка архитектура, османлиски дух во Старата чаршија и модерни градби, додека за авантуристите се препорачуваат Водно и кањонот Матка.

CNN заклучува дека Македонија нуди „повеќеслојно рурално искуство и едни од најубавите природни пејзажи што може да се видат во толку мала земја“, охрабрувајќи го светот да го открие овој балкански бисер пред да го преплават туристи.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

„Stranger Things“ руши рекорди: Петтата сезона има 59,6 милиони прегледи во првите пет дена

Првиот дел од долгоочекуваната петта сезона на „Stranger Things“ беше објавен на 26 ноември, а веќе во првите пет дена оствари импресивни 59,6 милиони прегледи. Според пишувањето на Variety, ова е најдобриот старт што некогаш го имала серија на англиски јазик на платформата Netflix.

Овој резултат претставува значително надминување на веќе високата гледаност на четвртата сезона. Во 2022 година, кога Netflix сè уште ја мереше гледаноста според вкупно поминати часови, серијата во првите три дена собра 287 милиони часови гледање – бројка која се пресметува околу 22 милиони прегледи. Тоа дополнително го потенцира огромниот интерес што го привлече новата сезона.

Нови рекорди уште од премиерата

Иако петтата сезона е објавена пред само неколку дена, веќе донесе втор рекорд. Поради големото исчекување, сите четири претходни сезони минатата недела се најдоа меѓу Топ 10 најгледани на Netflix – првпат една серија да има четири сезони истовремено на листата.

Но, рекордите не застанаа тука. Во периодот од 24 до 30 ноември, „Stranger Things“ стана првата серија со пет сезони во Топ 10:
–  петтата сезона го зазеде првото место,
– првата сезона беше трета со 8,9 милиони прегледи,
– четвратата сезона петта со 6,1 милиони,
– втората сезона шеста со 5,6 милиони,
– третата сезона осма со 4,6 милиони прегледи.

Финалето доаѓа на самиот крај од годината

Netflix минатата недела ги објави првите четири епизоди од новата сезона, а наредните три ќе бидат достапни за гледање на католички Божиќ, a големото финале е планирано за Нова година.

Со оглед на огромната гледаност и интересот што не се намалува, се очекува „Stranger Things“ уште долго да остане меѓу најпопуларните на Netflix. Проекциите се дека петтата сезона ќе се најде и на листата на најгледани серии на англиски јазик на сите времиња, каде моментално четвртата сезона е на третото место со 140,7 милиони прегледи во првите 91 ден.

Continue Reading

Магазин

Како изгледаше во Тетово Сејф сити во 60тите

На оваа стара фотографија се гледа милиционер кој го сопира возилото на улиците на Тетово. Сцената ја прикажува секојдневната работа на органите на редот во градот во минатото, кога контролата на сообраќајот и безбедноста беа извршувани на традиционален начин, без модерни технолошки системи.

Фото: Старо Тетово

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг