Connect with us

Република

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

На 08.11.2025 во 02:53 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода В.М.(49) од Валандово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки и по преземените мерки било утврдено дека В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1.82 промили алкохол во крвта.

На 08.11.2025 во 03:05 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.Д.(26) од с.Цапари, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Ф.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.69 промили алкохол во крвта.

На 08.11.2025 во 01:16 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Љ.В.(57) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.В., при што е констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.

На 07.11.2025 во 23:12 часот на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.С.(36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Н.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,79 промили алкохол во крвта.

На 08.11.2025 во 01:40 часот на ул. „Теодосиј Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода С.С. (32) од с. Оризари. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“, при што било констатирано дека С.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Advertisement

Република

Планирани прекини на струја утре во Тетовскиот регион

Повеќе населени места во Полошкиот регион утре ќе останат без струја поради изведување планирани технички зафати на електро-системот.

Во Тетово, прекинот е најавен за 5 декември од 06:00 до 06:30 часот и ќе ги опфати делови од село Челопек, целите села Милетино и Блаце, како и индустриските објекти во Челопек.

Во Групчин, електричната енергија ќе биде исклучена на 5 декември во периодот од 09:00 до 14:30 часот, а прекинот ќе го зафати дел од селото.

Истовремено, жителите на Селце ќе останат без струја од 09:00 до 14:00 часот, при што прекинот ќе важи за делови од населеното место.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените технички активности.

Continue Reading

Република

Тетовските цариници спречија обид за увоз на 2000 кг фалсификат прашок за перење штетен за здравјето и животната средина

Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарење на 2000 килограми фалсификат прашок за перење алишта со трговска марка Ариел, кој бил натоварен во Турција и наменет за увозник од Скопје. Станува збор за 200 вреќи од по 10 кг, кои ги повредуваат правата од интелектуална сопственост.

Одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа го извести правниот застапник на носителот на правото, кој потврди дека прашакот е фалсификат и се согласи за уништување на стоката.

Против сторителот по завршување на постапката ќе биде поднесена соодветна пријава.

Царинските службеници истакнуваат дека секојдневните заложби во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот се клучни за заштита на здравјето на граѓаните, како и за спречување на загадување на животната средина предизвикано од неконтролиран хемиски состав.

Continue Reading

Република

Битола го отвора најголемиот зимски фестивал во Македонија – Зимска Приказна 2025/2026

Од 20 до 31 декември, Битола повторно ќе се преобрази во светлечка зимска бајка со осум локации полни со празнична магија. Од Плоштадот Магнолија, преку Широк Сокак, Офицерски и Пациото на музејот, па сè до Старата чаршија и Пелистер, градот ќе се претвори во голема сцена на култура, музика и улична уметност.

На посетителите им се подготвуваат детско кино под отворено небо, живи концерти, DJ сетови, зимски базар и гастрономски изненадувања, како и светлечки инсталации што ја нагласуваат архитектурата на Битола. Секоја локација ќе нуди различна атмосфера, создавајќи празнична целина што ги опфаќа сите генерации – од децата што веруваат во чудо, до семејствата и младите кои го бараат ритамот на градот.

Организаторите потенцираат дека Зимска Приказна не е само фестивал, туку празнична приказна што ја живее целата заедница, а оваа година Битола ветува уште посветла и повесела атмосфера за сите свои посетители.

Добредојдовте во Зимска Приказна на прагот на 2026 година!

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг