Friday, February 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

by Уредник
11.11.2025
in Uncategorized
„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година.

Истражувањето „Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“ покажа дека:

» Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните фактори не се доволни за да се објаснат огромните скокови во вредноста на набавките.

» Постои јаз помеѓу зголемената вредност на јавните набавки наспроти падот на дадените услуги во јавните здравствени установи што отвора сериозни сомнежи дека јавните набавки се користат како канал за финансиско извлекување средства, наместо како инструмент за унапредување на здравствената заштита.

» Најголем раст на вредноста на јавните набавки е воочен кај клиниките и болниците. Но, наместо повеќе услуги и подобра грижа, граѓаните се соочуваат со поинаква реалност – тендерите растат, а работата на болниците и клиниките се намалува. Во периодот 2015 – 2024 година, бројот на прегледи во вкупно 55 клиники и болници е намален за 14 %, а на болнички денови за 24 %.

» Растечките трошоци за јавни набавки не можат да се оправдаат ниту со специјалистичките прегледи. Во последните три години е евидентиран пад на специјалистичките прегледи за околу 700.000, односно за 19 %. Намалувањето на бројот на здравствените услуги во гинекологијата и акушерството, како и во трансфузионата медицина, надминува 60 %.

» Со оглед на тоа што сè уште не е воспоставен Националниот систем за материјално-финансиско работење во јавните здравствени установи, како законска обврска предвидена уште од 2015 година, големите разлики во вредноста на тендерите наспроти дадените услуги упатуваат на висок ризик од злоупотреби, односно на тоа лековите и реагенсите да не се искористени за пациентите во јавните здравствени установи.

» Големиот раст на вредноста на јавните набавки во здравството е проследен со сè помал број понудувачи на тендерите. Речиси половина од вредноста на договорите се склучуваат во тендерски постапки во кои имало само по еден понудувач.

» Тендерите за набавка на реагенси и тестови во најголем дел се само формалност бидејќи се спроведуваат за веќе одбран апарат, што значи дека, уште пред да почне постапката, јасно е кој ќе го добие тендерот. Апаратите се претходно добиени како донација, земени на користење од фирми кои продаваат реагенси или, пак, купени.

Набавките на реагенси и тестови на годишно ниво достигнуваат и до 29 милиони евра и се зголемиле за 81 % во периодот на анализа.

» Двогодишните тендери за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи и сензори за мерење гликемија, вредни и до 39 милиони евра, се спроведуваат во постапки во кои отсуствува конкуренција, а дополнително склучените договори се анексираат. За период од 10 години, бројот на пациенти на инсулинска терапија е зголемен за 21 %, а вредноста на договорите за 77 %. Програмите за обезбедување инсулин од година во година се сè покуси, а извештаите за реализација на програмите не се објавуваат редовно и недостига јавен отчет за потрошеното.

» Тендерите за вакцинацијата на населението се финансиски сè поголеми, а набавките во одредени години се проследени со слабости – од планирање до неуспех да се склучат договорите навреме.

» Трошоците за лекови за ретки болести во последната декада скокнале од 1,5 милион на 19 милиони евра. Овој голем пораст се случува во услови кога Државниот завод за ревизија укажува дека Министерството за здравство нема целосни податоци за тоа дали терапиите навистина ја подобруваат здравствената состојба на пациентите. Причината е што за поголемиот дел од болестите за кои се набавуваат лекови не се спроведува евалуација, како што е предвидено со Програмата за лекување ретки болести.

» Еден од факторите на корупција е и немањето доволно квалификуван кадар за спроведување на набавките. Истражувањето открива дека од 110 здравствени институции, дури во 23 нема ниту едно лице со положен испит за јавни набавки, што е спротивно на Законот за јавни набавки.

» Без ефикасни механизми за надзор и следење, големи суми јавни пари ризикуваат да се потрошат без да се постигнат пропорционални подобрувања.

Целото истражување може да се прочита на следниот линк<

Next Post
Исчезна 16-годишно момче од Скопје – полицијата трага по него

15 ГОДИШНО ДЕТЕ СО ГОЛФ СЕ СУДРИЛО СО ПАСАТ: Повредени неколку малолетни лица, меѓу кои и двегодишно девојче

Трагедија кај Радовиш: Ловец од небрежност го застрелал својот сопатник!

Трагедија кај Радовиш: Ловец од небрежност го застрелал својот сопатник!

Препорачани Вести

Скопјанец добил плико со куршуми и заканувачки пораки – Му се заканиле по неговиот и животот на неговото дете

Кривична пријава против директорка – МВР со детали 

3 months ago

ГАЛЕРИЈА: Сорович во знак на протест: 2.000 граѓани бараат правда за жртвите од Темпи

12 months ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Кучињата почнаа, газдите ја завршија – луда улична тепачка помеѓу кучиња и нивните сопственици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Струга без безбедна вода за пиење – обвинителството отвори истрага за можна еколошка одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 30-годишен скопјанец истепан од жена во ГТЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на паркинг!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грчките земјоделци ја „окупираа“ Синтагма со трактори – протестот продолжува без откажување од барањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.