Sunday, February 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

БИТИЌИ: СДСМ изгуби зошто „стана повеќе клиентелистичка отколку вредносна

by Уредник
15.11.2025
in Uncategorized

Поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи за „Трилинг“ оцени дека поразот на СДСМ на парламентарните избори се должи на внатрешна неорганизираност, занемарување на идеолошката матрица и на тоа што партијата „станала повеќе клиентелистичка отколку вредносна“.

На прашањето за евентуален судир помеѓу партиското раководство и пратеничката група, Битиќи истакна дека отворен конфликт нема, но дека постојат моменти на несогласување. „Јас понекогаш знам да бидам гласноговорник на несогласувањата, и тоа е убавината на СДСМ. Но преку разговори секогаш наоѓаме заеднички јазик за да ги претставиме интересите и вредностите на партијата“, рече тој.

Во однос на локалните избори, Битиќи посочи дека резултатите биле очекувани поради ниската излезност. „Ако ваков резултат се повтори на парламентарни избори, тоа е загрижувачки. Ова е моментот за сериозни концепциски промени во партијата, ако сакаме СДСМ да се врати таму каде што ѝ е местото – да владее со државата“, нагласи поранешниот вицепремиер.

Тој истакна дека реформите во партијата се неизбежни и мора да бидат длабоки. „Реформите не се само име и презиме. Тие значат целосно внатрешно реконфигурирање на начинот на кој функционира СДСМ“, додаде Битиќи.

Извор: Вечер.мк

Next Post

Четири сериозни сообраќајки во Македонија: Повредени повеќе лица во Скопје, Битола и Гевгелија

Колумбиската армија почнува операции против вооружените групи кај границата со Венецуела

Препорачани Вести

taksi

Таксистите во Грција започнаа 48-часовен штрајк

4 weeks ago

ФК Тетекс утре ќе го добие шампионскиот пехар за освоената Трета лига запад.

9 months ago

Популарни Вести

  • Нови детали за киднапирањето: Даниел Кајмакоски е пронајден жив – Киднаперите се вооружени и во бегство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пентагон ја прекинува академската соработка со Харвард поради „идеолошки разлики“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драматични моменти на небото: Лет од Скопје за Париз прогласи вонредна состојба и итно беше пренасочен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алармантни бројки во Црна Гора: Секој втор тестиран возач бил под дејство на дрога или алкохол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Солун во пламен: Молотови коктели, судири со полицијата и над 300 приведени за една ноќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.