Sunday, February 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МВР: 10.210 сообраќајни прекршоци и 55 приведени за 15 дена

by Уредник
17.11.2025
in Uncategorized

Во периодот од 1 до 16 ноември 2025 година, полициските службеници низ целата земја извршија редовни сообраќајни контроли, при што се регистрирани вкупно 10.210 прекршоци. Од нив, 2.983 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.

Лишени од слобода биле 55 лица за безобзирно управување на возило според член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 37 возеле под дејство на алкохол, еден возел во забранет правец, 11 ја надминале дозволената брзина во населено место, а шест надвор од населено место.

Покрај тоа, од почетокот на месец ноември евидентирани се 2.717 прекршоци за неправилно паркирање, 1.039 за управување возило без возачка дозвола, како и 300 санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 42 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, 282 пешаци, четири возачи на електрични тротинети, како и 546 учесници кои не користеле сигурносен појас. Дополнително, 252 возила биле отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, 55 поради техничка неисправност, а 52 возачи добиле казни за затемнети стакла.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за да се намали бројот на несреќи и да се обезбедат побезбедни патишта.

Next Post

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава

Апсење во Тетово - Полицијата со детали

Препорачани Вести

Зеленски го чека „извештајот“ од Алјаска – Дали Трамп и Путин ќе го променат текот на војната?

6 months ago
Израелските сили со тенкови и булдожери уништија гробишта во јужниот дел на Појасот Газа

Израелските сили со тенкови и булдожери уништија гробишта во јужниот дел на Појасот Газа

7 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Битола станува центар на македонската атлетика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Нови шокантни детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Потера, вооружени напаѓачи и целосна блокада кај Рума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Јас сум жена од милион долари“ се фалела Катица Јанева: Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за киднапирањето: Даниел Кајмакоски е пронајден жив – Киднаперите се вооружени и во бегство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пентагон ја прекинува академската соработка со Харвард поради „идеолошки разлики“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.