Saturday, February 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полска ги поврза железничките саботажи со руските служби, осомничените побегнале во Белорусија

by Уредник
18.11.2025
in Uncategorized

Полскиот премиер Доналд Туск ги информирал политичките лидери во земјата дека двојца осомничени, идентификувани како извршители на саботажата на железничката инфраструктура, имале цел да предизвикаат сериозна железничка катастрофа, објави „Скај њуз“. Според Туск, лицата се од Украина и соработувале со руските разузнавачки служби, а по инцидентот избегале во Белорусија. Еден од нив бил осуден во отсуство од судот во Лавов за претходна саботажа.

Заменик-премиерот и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави за Радио Зет дека „сите траги водат кон исток, кон Русија“, алудирајќи на поширокиот контекст на хибридни закани со кои се соочуваат европските земји. Тој потврди дека истражителите проучуваат уред пронајден близу местото на експлозијата, кој можеби бил користен за снимање или надгледување.

Од Москва повторно стигна демант. Како што пренесе РИА Новости, руските власти оценија дека „обвинувањата од Западот се изнесуваат без докази и никогаш не се потврдуваат“.

Инцидентот бил пријавен во неделата наутро, кога машиновозач забележал неправилности кај делот од пругата во областа Жичина. Прелиминарната проверка утврдила дека штетата е предизвикана од експлозија.

Сообраќајот на двојната железничка делница Соболев–Жичина беше целосно обновен утрово, по завршувањето на поправките, потврди министерот за инфраструктура Дариуш Климчак.

Next Post

Дигиталното насилство врз жените расте експлозивно, потребна е итна глобална акција

Бараж или чудо: Македонија го игра клучниот натпревар

Препорачани Вести

Лансиран Sharia Earn: Поедноставен раст на халал криптото и овозможена финансиска иднина во согласност со исламските принципи

7 months ago

Голема полициска акција во Скопје – Уапсени 5 лица

6 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски со ловците од Битола на заедничка дружба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетник со тешки повреди завршил на Клинички центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на повеќе локации во Скопје – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 40-ИНА ЛИЦА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ГРЦИТЕ ИЗНУДИЛЕ УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.