Sunday, February 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сеќавање на поплавата во Тетово од 1979 година

by Уредник
19.11.2025
in Uncategorized

Деновиве, кога повеќе земји од регионот се загрозени од страшни поплави, македонските граѓани се потсетуваат на големите поплави од минатото што ги погодиле градовите во Македонија, како што е случајот со скопската поплава од 1962 година. Фотографот Драги Неделчевски на својот фејсбук профил објави фотографии од најголемата поплава која се случила во Тетово.

Станува збор за поплавата од ноември 1979 година кога се излева реката Пена, уништувајќи голем број објекти во Горна Чаршија. Заради овозможување нормален проток на водата, со динамит е урнат стариот турски камен мост од XVI век пред тетовскиот архив (сега гимназија), познат како Мост на кавазите. Подоцна на истото место е изграден пешачки мост со метална конструкција.

„Кога се случи поплавата, во ноември 1979 година, имаше поминато само една година како почнав да фотографирам. И одеднаш, пред мојот објектив – голем настан. Се замислував дека сум некој фотограф од Магнум. Тоа беа денови… Останаа само овие фотографии. Практика ЛБ2 Домиплан 50 мм 1:2,8, ЕФКЕ КБ 21 филм и ФР3 развивач. Хартија Емакс сјај, сушена на воздух“, коментира Драги Неделчевски на својот Фејсбук профил.

Извор: www.facebook.com/dragi.nedelchevski

Next Post

Ѓорѓиевски: Градот Скопје целосно ставен во служба на граѓаните

Македонија го задржа 65-тото место на ФИФА ранг-листата

Препорачани Вести

eu

Европските граѓани загрижени за безбедноста и глобалните кризи: Мнозинството сака обединета и посилна ЕУ

3 days ago
Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

2 months ago

Популарни Вести

  • „Јас сум жена од милион долари“ се фалела Катица Јанева: Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за киднапирањето: Даниел Кајмакоски е пронајден жив – Киднаперите се вооружени и во бегство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пентагон ја прекинува академската соработка со Харвард поради „идеолошки разлики“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драматични моменти на небото: Лет од Скопје за Париз прогласи вонредна состојба и итно беше пренасочен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алармантни бројки во Црна Гора: Секој втор тестиран возач бил под дејство на дрога или алкохол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.