Приведен 75-годишник на Табановце при обид да помине граница со туѓи документи

На граничниот премин Табановце, околу 18:30 часот во саботата, полицијата лиши од слобода 75-годишниот државјанин на Република Албанија, Р.Д., кој при обид да ја напушти земјата се обиде да мине со туѓа лична карта. Откако е уапсен, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово, каде што следуваат понатамошни мерки и постапки.