По откритието дека Македонија не е меѓу земјите членки на ЕУ и канидати кои ќе добијат солидарна финансиска помош од Унијата вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров објаснува дека земјава нема да добие пари од Брисел поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции кога беше обезбедена голема количина на донации во борбата со Ковид-19.
Владата тогаш според соопштението на Секрњтаријатот за европски прашања добила донации за заштитни средства, маски, медицинска опрема, респиратори и друга опрема која кои не предизвикале дополнителни расходи за овие потреби, минимумот кој бил проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не беше постигнат.
“Во април 2020 год., Европската Унија одлучи да го прошири опфатот на Фондот за солидарност на ЕУ (ФСЕУ) како резултат на кризата настаната со пандемијата од Ковид-19 и кон земји кои не се членки на Унијата. Искористувањето на средствата од овој Фонд зависи од исполнувањето на праговите поставени од страна на Европската Унија во однос на вкупните расходи кои земјата во определен период ги има насочено за справување со последиците од Ковид-19.
Во таа насока, Секретаријатот за европски прашања подготви Информација за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската Унија за справување со финансиското влијание на Ковид-19 во здравствениот сектор. Информацијата со детални информации за можностите и за начинот на аплицирање за користење на помошта, беше разгледана и усвоена на 51-та седница на Владата на Република Македонија (одржана на 12.5.2020 год.), по што се иницираше прибирање на податоци за итните трошоци поврзани со Ковид-19, настанати на централно и локално ниво.
По обработката на собраните податоци, доставени од институциите и општините и нивното дополнување со податоци за склучени договори за Ковид-19 достапни на страната на Бирото за јавни набавки, беше констатирано дека Република Македонија не го исполнува основниот предуслов за користење на ФСЕУ.
Имено, поддршката од ФСЕУ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше 7.670.831 евра.
За финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификуваа расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 (четири) месеци, сметано од датумот кога земјата која што аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата беше периодот 10.03. – 09.07.2020 год”, се вели во соопштението на СЕП.
Целото соопштение
https://sep.gov.mk/m/post/?id=5747#.YEpO02nTWyN