Connect with us

Македонија

Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021, со 50 до 100 отсто повисоки комуналии

Published

on

Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, како и згради, доградби и надградби на згради, времени во помошни објекти.

Ресорниот министер Благој Бочварски денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. Од надомест за легализација ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход.

-Ова е нов закон, различен од претходниот за кој јавноста реагираше и веднаш морам да потенцирам дека при креирање на овој закон заемени се во предвид речиси сите предлози  на граѓанските здруженија, коморите, асоцијациите и сите засегнати страни. Исто така законот го услогласивме и со другите државни институции и сметаме дека креиревме квалитетно законско решение со кое ќе се обидеме да ставиме крај на изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот. Од друга страна со законот нудиме и фер услови за сите оние граѓани кои претходно немале можност да ги легализираат своите домови, рече на прес-конференција Бочварски.

Со законот, како што информираше денеска ресорниот министер Бочварски, се очекува да се заокружи процесот на легализација на бесправни објекти во државата.

Бочварски соопшти дека нема да може да се легализираат бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, изградени во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, изградени во подрачје во кое се врши или е планирана експлоатација на минерални суровини. Исто така, нема да се легализираат и дивоградби изградени во заштитни зони на аеродроми, изградени во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, изградени на сообраќајници и на подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, изградени во заштитен појас на државни и локални патишта и во заштитен појас на железничка инфраструктура, изградени на земјиште за кое во Катастарот на недвижности е запишано право на хипотека.  Не може да се легализираат  ниту згради како и доградби и надградби на зградите со намена А2, како и  сите видови на времени објекти (базени, гаражи), сите видови на урбана опрема и помошни објекти кои се во функција на друг објект.

Еден барател ќе може да легализира само еден објект. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. И со ова, потенцираше Бочварски, не дозволуваме можни злоупотреби со изјавата на нотар, нешто што беше случај во претходниот закон.

-Во однос на надоместот за легализација е предвиден скалест начин на пресметување. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект со површина над 80 метри надоместот се зголемува за 100 проценти. Надоместот за легализација на електронски комуникациски мрежи ќе изнесува по 10 евра од метар изградена површина, рече Бочварски.

Тој информираше дека го зголемуваат опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект. Со тоа, посочи, излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории граѓани ќе бидат ослободени од надоместот за легализација.

-Овој Закон е исклучително важен за решавање на правниот статус на голем број на инфраструктурни проекти низ државата, електронски комуникациски мрежи и кабелска канализација, преку поедноставена постапка која што ќе ја води Агенцијата за катастар на недвижности, потенцираше Бочварски.

Рокот за поднесување на барањето за легализација е шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

Бочварски најави дека Предлог законот ќе биде доставен до Собранието и оти секој квалитетен предлог ќе биде анализиран и доколку постои можност ќе биде вметнат во законското решение.

-Нашата цел е да донесеме функционален закон со кој ќе го заокружиме процесот на бесправното градење во државата, истакна Бочварски.

Македонија

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје.

„Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз“, рече Мицкоски.

Тој вели дека од информациите со коишто располага од Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

Continue Reading

Македонија

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Published

on

Во последното деноноќие делови од Македонија беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата, најмногу во Битола и Штип.

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи во Битола, пожарникарите интервенирале на повеќе локации.

Меѓу штетите се паднат кров на две згради на улицата Нико Фундали, каде има настаната штета и на неколку возила.


Кровот се откорнал и од зградата кај печатницата Киро Дандаро, како и од зграда на улицата Хераклеа. Надлежните соопштија дека без дел од кровната конструкција останаа и две куќи на улиците Јанко Палигора и Партизанска.

Ветрот со јачина од 60 километри на час откорна и дрвја, билборди, а на земи завршија и голем број бандери во градот и жици кои предизвикале искрење.

Во Штип, според информациите имало повеќе паднати дрвја, како и откорнати делови од покриви на повеќе локации во градот и околината. Оштетени се електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

Ветрот направи проблеми и Охрид, Виница, Тетово. Интервенирано е поради откачен лимен кров, паднато дрво и бандера.

УХМР најави дека и денес ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец над 70 километри на час. Засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: „Љубовта кон народот и тимската посветеност се нашиот пат кон успехот!“

Published

on

Во животот, постојат многу двигатели, но љубовта е она што ја носи вистинската сила. За градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, љубовта кон семејството и народот е најголемиот мотиватор за секојдневната борба за подобра иднина.

„Без мојот тим и без поддршката на мојот народ, ништо од ова немаше да биде возможно. Тимот кој е со мене со децении е клучот на нашиот успех,“ вели Ѓорѓиевски.

Со посветеност која не познава изговори и со јасна цел – работа за доброто на сите, Ѓорѓиевски порачува: „Кога се сака, сѐ се може, кога се работи со и од љубов.“

Тој додава дека предизвиците се секојдневие, но тие се причина повеќе да се радуваш на напредокот. Слободното време можеби е жртвувано, но резултатите зборуваат за себе.

Со силна верба во заедничките напори и посветеност, Ѓорѓиевски ја завршува својата порака со оптимизам: „Најдоброто допрва доаѓа!“

https://www.facebook.com/share/v/1CdV2SJxuV/?mibextid=0r8j9z

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк