Connect with us

Македонија

„Работодавците се дрзнаа да бараат пари за нив“ – Ако минималната плата не помине во Собрание, штрајкови низ цела држава

Published

on

Она што го бараат работниците не е ништо поразлично од она што го ветуваа политичарите од власта за време на изборите.

Но, ниту вчера не се постигнаа договор работодавачите и работниците за минимална плата од 300 евра.

Она што го бараат работниците не е ништо поразлично од она што го ветуваа политичарите од власта за време на изборите.

Но, ниту вчера не се постигнаа договор работодавачите и работниците за минимална плата од 300 евра.

Според ССМ за владата бил прифатлив моделот што го предложиле, па затоа порачуваат похрабро да застане во поддршка на работникот. Од Организацијата на работодавачи пак бараат доколку дојде до било какво покачување на минималната плата да биде поддржано во одреден дел од Владата.

„Ја покачивме минималната плата од 9 000 на 15 000 денари до крајот на годината ќе биде 18 000 денари од 9 на 18 тоа е 100% дупла“, истакна Зоран Заев.

-ССМ најавува протести за 12.12 токму поради минималната плата која најавивте дека ќе биде 18 000 денари?

„Во однос на минималната плата секако дека ќе биде во почетокот на наредната година, само ако не блокираат овие од ВМРО“, посочи Крешник Бектеши.

„И денеска нема договор очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми за нивниот капитал. Дури се дрзнаа за нив да бараат они да опстојат а ние работниците кој каде како ќе најде“, посочи Дарко Димовски.

„Нашата проекција предвидува долгорочно поприфатливи услови за сите работници отколку оние кои ги два синдикатот“, вели Владанка Трајковска.

„Имаше напредок еден од заклучоците заеднички беше дека постоечкиот модел на усогласување на минимланта плата е неприфатлив за ниедна страна ниту за Синдикати, ниту за Организација на работодавачи, дури и за Владата за тоа што тој модел не генерира достоинстевено зголемување на минимална плата,  не одговара на реалните потреби на работниците и го отфрливме“, порача Фатмир Битиќи.

По три средби не беше пронајден заеднички јазик и договорДоколку на 10 февруари Предлог законот за минимална плата не помине во Собрание, од ССМ најавуваат протести низ цела држава, бидејќи штрајкувачките одбори се веќе подготвени.

Тв21

Македонија

Коњановски: Битола станува регионален центар за стручно образование

Published

on

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ја посети Општина Битола, каде оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски. Главна тема на разговорот беше прогласувањето на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ за регионален центар за стручно образование во регионот Пелагонија, како и за унапредување на образовните процеси во општината.

Јаневска изрази задоволство што токму ова училиште е избрано за регионален центар, нагласувајќи дека по завршените анализи ќе се дефинираат потребните струки и профили, а истовремено ќе се пристапи кон инфраструктурно средување и модерно опремување на училиштето.

„Овој процес бара време, но СОТУ ‘Ѓорѓи Наумов’ ќе стане еден од осумте регионални центри што треба да се заокружат до 2027 година. Центрите во Охрид и Куманово веќе функционираат, а оној во Тетово е во фаза на изградба. И Битола ќе добие модерен образовен центар кој ќе биде од огромна корист за целиот регион,“ истакна министерката, додавајќи дека со ваквите центри учениците ќе стекнат високи компетенции и ќе бидат подготвени за вработување во локалниот пазар.

Градоначалникот Коњановски ја истакна важноста на оваа иницијатива, нагласувајќи дека со прогласувањето на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ за регионален центар, се прави голем чекор кон задржување на младите во регионот преку квалитетно образование и создавање на стручни кадри кои ќе одговараат на потребите на локалниот бизнис сектор.

„Образованието е приоритет за нас како локална самоуправа. Посветено работиме на подобрување на условите во училиштата, реконструкција на спортски сали и поставување на фотоволтаици. Овој проект е доказ за нашата заложба да направиме повеќе за нашата заедница и за иднината на младите,“ изјави Коњановски, заблагодарувајќи ѝ се на министерката за нејзината поддршка.

Со овој проект, Битола се позиционира како еден од водечките центри за стручно образование, што ќе има позитивен ефект врз локалната економија и квалитетот на живот во регионот.

Continue Reading

Македонија

Гаши: Пратеничките канцеларии во Гостивар – нов чекор кон поотворено Собрание

Published

on

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска ги посети пратеничките канцеларии во Гостивар, каде направи увид во тековното реновирање и функционирање на просториите.

На средбата присуствуваа и пратениците од регионот, како и градоначалникот на Гостивар, кои заедно ја истакнаа важноста од ваквите проекти за зајакнување на транспарентноста и инклузивноста на законодавниот процес.

„Овие канцеларии ќе претставуваат директен мост меѓу граѓаните и нивните избрани претставници. Граѓаните на Гостивар ќе можат лично да ги упатат своите барања, потреби и идеи до пратениците, што ќе придонесе за поефикасна комуникација и зајакнување на довербата во институциите,“ изјави Гаши.

Според Гаши, пратеничките канцеларии се клучен инструмент за зголемување на отчетноста и активната вклученост на граѓаните во креирањето на законите кои влијаат на нивната благосостојба.

Со завршувањето на реновирањето, пратеничките канцеларии во Гостивар ќе бидат целосно функционални и достапни за граѓаните, што претставува уште еден чекор кон поотворено и транспарентно Собрание. Оваа иницијатива, според него, е доказ за посветеноста на Собранието да биде поблиску до граѓаните и нивните потреби.

Continue Reading

Македонија

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна  и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места  и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните  и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има  и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните  и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2  и 5 степени“, вели тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк