Connect with us

Македонија

Одбележани 79 години од убиството на 12 младинци од Ваташа

Published

on

 На споменикот во месноста Моклиште кај Ваташа, беа одбележани 79 години од убиството на 12 ваташки младинци. Натка Китева, кустос историчар при Музеј галеријата во Кавадарци, рече дека во текот на бурната историја, кавадаречкото село Ваташа даде плејада револуционери и борци за слобода, како од постарата историја, така и од времето на НОВ и Револуцијата 1941-1945 година.

-Во долгата и тешка борба на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето. Настан кој никогаш не може да биде избришан од меморијата на народот од овој крај е и масакрот на 12 младинци од селото Ваташа, извршен на 16 јуни 1943 година на ова место, нагласи Китева.

Меѓу другото, таа потсети дека од младинците се барало да одговорат за целта на првомајскиот собир, за врските со партизаните и за криењето илегалци.

-Младинците погодени од рафалите на пушкомитролезот и куршумите од пушките паѓале како покосено класје, еден до друг. Насекаде во воздухот, се чувствувал силен мирис на барут. По претрпениот шок, следел силен писок на девојчињата, од кои три ги изгубиле своите браќа. Војниците како по заповед ги извадиле бајонетите и да бидат сигурни дека успешно ја завршиле работата, започнале со нив да ги бодат телата на младинците кои се уште покажувале знаци на живот. Тоа не било се. По извршениот масакр, војниците започнале да им пребаруваат по џебовите, а на неколкумина им ги одзеле часовниците од рацете, раскажа Китева.

Масакрот во Ваташа бил запишан и во билтенот на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година.

-Ниту еден злостор во историјата не останал неказнет. Заслужената казна ги стигнала сите актери од овој масакр, кој остана забележан како едно од најголемите злосторства што окупаторот го извршил во Македонија, за време на Втората светска војна. Песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од  Лазар Манчевски и „Цветови” од Славко Јаневски, секогаш ќе не потсетуваат на една младост, на 12  скоевци, коишто своите животи ги положија за слободата за која мечтаеја. Злочинот направен врз нив, беше истовремено и злочин врз човештвото и злочин спрема слободата, рече Китева.

Македонија

Димовски: Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ

Published

on

Илија Димовски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и директор на Центарот за комуникации, направи своја анализа во гостувањето во магазинот „Трилинг“:

Треба да видиме дали е реално сценариото за одложено дејство на уставните измени. Не можам да кажам затоа што ги немам во детали информациите. Не сум вклучен во она што значи дипломатија позади сцената. Ние имаме комплексна ситуација во односите со нашите соседи. Пред се тука мислам на Бугарија и на Грција. Од една страна приоритетно за државата е да изгради што е можно подобри односи со овие два соседи коишто се членки на ЕУ, коишто треба да бидат некаков стабилизирачки гарантор за целиот регион, коишто економски се посилни од нас, коишто треба да бидат некаков иницијатор за позабрзан економски развој кај нас. Од тој аспект мислам дека нашата држава треба да го гледа билатерален како мултилатерален. Ние немаме проблем со Бугарија или со Грција. Ние имаме проблем на признавање на постоењето и континуитетот на македонскиот народ. Тука е проблемот и со Преспанскиот договор. Тој погледнат низ грчката призма не е промената на името туку членот 7, каде што се дефинира и поделува македонскиот идентитет на два сосема различни идентитети – еден Хеленомакедонизам, еден Славјаномакедонизам. Тоа е амбицијата на грчката Република.

– И бугарската држава ја има истата таа амбиција, да искреира Бугаромакедонизам и нов Постмакедонизам кој. Ние треба да докажеме дека Македонизмот во едната, другата, третата, па ако сакате и во четвртата верзија со македонците – муслимани ии помаците, дека имаат свој корен, своја суштина, ист фолклор, ист јазик, обичаи, песни, херои низ историјата итн. Ние треба да се обидеме она што го прават како дезинтегративен процес спрема Македонскиот народ, некриејќи ги компонентите македонски во својата национална структура и Грција и Бугарија, ние да го искористиме во обратен процес и да создадеме мостови, да ги отвориме границите, да соработуваме на сите полиња.

– Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ. Државата треба да има прагматичен и политички динамизиран однос кон Преспанскиот договор, којшто е адекватен на периодот во којшто се наоѓа државата – односите со ЕУ, со стратешките партнери итн. Но треба да не ја испуштаме позицијата во која што ќе велиме дека Преспанскиот договор е неправда спрема Македонскиот народ и Македонскиот народ има право на долга, средна или кратка перспектива да се бори против последиците од тој Преспански договор.

Според Димовски „уставни промени без одложено дејство се невозможни, а што е возможно ќе видиме“.

Continue Reading

Македонија

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

Published

on

Во гостувањето во поткастот на Кристијан Ландов, ексначалникот Љубомир Ѓорчески, даде свое мислење за неколкуте обиди за убиство на Раде Штекли.

„Некаде во 2011 – 2012 година тој влегува во тие групации со Шевањ и маркинацијата негова е дека треба да биде ликвидиран. Тој најверојатно се има многу замерено со таа структура. Многу е тешко во тие кругови да преминете од една во друга конкуретна структура, а тоа го направи Штекли. Премина од Дуќанџик во Беланоца. Имаше објави во медиумите дека заминал во Дубаи да бара откуп кај Шевањ, но ете со фрлање на бомбата се покажа дека до прошка не е дојдено и дека Раде Штекли и натака е на списокот за ликвидирање и тој кога тогаш ќе биде ликвидиран. Локвидаторите  ќе бидат доведени во ситуација да му пукаат во глава за да бидат сигурни дека еднаш засекогаш го постигнале ефектот“ рече тој.

https://www.instagram.com/reel/DCpSBrluB0J/?igsh=bnRoOG94MDQwbzY4

Continue Reading

Македонија

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари, во интервјуто за Алсат ТВ вели дека не може да се каже дека албанскиот јазик е официјален во земјава, туку дека употребата на албанскиот е напредната.

„Официјално е кога се користи секаде и исто како и македонскиот јазик. За жал, албанскиот јазик е јазикот што го зборуваат само 20 отсто или повеќе од населението што живее во Република Македонија. Значи, не може да се каже дека албанскиот јазик е официјален јазик во Република Северна Македонија“,речеТаравари.

Тој додаде дека со Законот за употреба на албанскиот јазик се унапредува албанскиот јазик и додаде дека албанскиот не исчезнал од официјалната комуникација на некои министерства, туку дека проверката за тоа треба да им се препушти на надлежните институции.

„Дали очекувате ние како полиција да одиме и да интервенираме во министерствата?Институциите постојат, институциите мора да си ја работат својата работа. Верувам дека Агенцијата за имплементација на албанскиот јазик ќе се натера сама и во сите министерства и во сите институции каде што не се спроведува албанскиот јазик да ја добијат заслужената казна“, рече Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк