Connect with us

Скопје

Скопски Водовод пред штрајк, разрешување на директорот побара лидерот на ССМ

Published

on

Нема да дозолиме изживување врз работниците во скопски Водовод, од нив да се бара извршување на задачи за кои не се вработени ниту платени, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски. Тој нагласи дека на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и на Советот на Градот им се даваат три дена за одлука за разрешување на в.д директорот, во спротивно најверојатно ќе следува штрајк, но и дека блокада на работата е неминовна.

„Не може хидроинженери да се испраќаат на работа во чуварски куќички, не може ниту возачи на специјални возила да седат во базата наместо да ја вршат својата работа само затоа што не му се допаѓаат на директорот. Како репрезентативен синдикат за комунални дејности при ССМ случајот го пријавивме до Државниот управен инспекторат како и во Трудовиот инспекторат. Според известувањата и решенијата добиени оттаму, јасно е посочено дека директорот Марјан Митовски работи противзаконски и дека ги крши работничките права. Добиените документи ги доставивме до тој директор, но наместо да постапи и да ги врати работниците на соодветните работни места, тој ги игнорира решенијата, рече Димовски.

Исто така, според нивните изјави, има и извршни судски решенија кои ги добиле вработените да се вратат на работа, но директорот не ги враќа.

Ако сака да врши рационализација во претпријатието, нека повели Митовски, нека рационализира со неговите два шефа на кабинет, порача Димовски и постави прашање:

„Кој има директор за технички, па директор извршен, па ваков, таков директор. Што е тој? Па тој е тој извршен директор. Имаме измислени директорски места и се ставаат негови луѓе, а луѓето што ја извршуваат таа должност се задолжуваат со задолженија”.

На прес – конференцијата пред зградата на ЈП „Водовод и канализација”, Димовски рече дека имале средба со раководството на претпријатието, но дека таа завршила без ефект.

„Неговата директорка по правни прашања го советуваше дека ова што го прави е исправно, иако убаво е напишано дека е неисправно за вчера пак, вработените да добијат пораки да не подлегнуваат на ‘индокринацијата’ од таканаречените заштитиници на човекови права, во спротивно раководството ќе биде принудено да донесе нова систематизација со рационализација на работните места“, рече лидерот на ССМ Димовски.

Инаку, Митовски на челната позиција во Водовод беше поставен на 13 септември годинава, по разрешувањето на претходниот од страна на градоначалничката Арсовска во врска со кредитот на ЕБОР за пречистителна станица. Потоа следуваа и други оставки или разрешувања на кадри на ВМРО-ДПМНЕ и раскин на коалицијата меѓу таа партијата и градоначалничката.

Скопје

ХАОС ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, ОЈО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ: Си изградил хотел без никакви документи без одобрение од Управата за заштита на културно наследство

Published

on

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 60-годишник, во текот на 2018 и 2019 година, во својство на инвеститор, во Старата скопска чаршија, на постоечки објект – дуќан од 93 м2 во негова сопственост, извел надградба од ходници, скали, лифт, рецепција и други простории, а на соседна парцела извршил целосна изградба на објект – хотел со подрум, 4 ката и поткровје, без да поседува одобрение за градење од надлежното министерство, но и без основен конзерваторски проект и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: „Расадник“ ќе го врати спортскиот дух во Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави почеток на обновата на култната спортска сала „Расадник“, домот на ракометниот клуб Вардар. На настанот, кој претставува значаен момент за општината, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, кои ги добија највисоките пофалби за нивната заложба и поддршка во реализацијата на овој значаен проект.

„Со огромна гордост денеска објавуваме дека ‘Расадник’ конечно ќе добие нов современ лик. Благодарение на премиерот Мицкоски и министерот Ристовски, оваа сала повторно ќе стане храм на спортот, не само за Кисела Вода, туку и за цело Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.

Салата „Расадник“ има огромна историска вредност за ракометниот клуб Вардар, кој во периодот од 1985 до 1999 година токму овде ги постави своите основи. Според најавите, по завршувањето на реконструкцијата, салата ќе биде дом на РК Вардар, што беше поздравено и од директорот на клубот, Михајло Михајловски, кој присуствуваше на настанот заедно со ракометарите.

Градоначалникот истакна дека со овој проект се коригира неправдата од минатото, кога „Расадник“ беше заборавен во услови кои ја одразуваа нефункционалноста на системот во изминатите 30 години.

„Оваа сала е доказ за тоа како со години наназад се ветуваше многу, а се реализираше малку. Денеска, благодарение на заложбата на Владата и премиерот Мицкоски, приказната се менува. Овде повторно ќе се раѓаат спортски имиња, а нашата младина ќе добие место за инспирација и развој,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Посебна чест за градоначалникот беше присуството на новинарот и спортски работник Атанас Костовски, кој присуствувал на отворањето на салата во 1985 година и заедно со Ѓорѓиевски се договориле повторно да го означат нејзиното ново отворање.

Со овој проект, според Ѓорѓиевски, се поставува нова ера во спортот во Кисела Вода, а премиерот и министерот за спорт се запишуваат во историјата на општината како луѓе кои направиле значаен чекор за враќање на спортскиот живот.

„Најдоброто допрва доаѓа!“ порача градоначалникот, додавајќи дека наскоро граѓаните ќе бидат сведоци на преполна сала и нови спортски спомени во „Расадник“.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Нови 1.500 дрвја за позелена и поздравa Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави успешна акција за пошумување, преку која се засадени 1.000 чемпреси и 500 брзорастечки дрвја во паркот на шахот и Феникс во населбата Драчево. Оваа иницијатива е дел од континуираните напори на општината за подобрување на животната средина и зголемување на зелените површини.

„Садењето дрвја не е само разубавување на просторот, туку и суштински чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Секое дрвце кое го засадуваме денес е инвестиција во поздравата и поубава животна средина за сите нас,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во изминатите три години, Кисела Вода доби седум нови паркови и 13 спортско-рекреативни центри, со што општината е оплеменета со дополнителни 80.000 квадратни метри зеленило.

Градоначалникот им се заблагодари на сите кои го поддржаа овој проект, вклучително и заменик-генералниот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, компанијата „Џонсон Мети“, отец Оливер, Хуманитарната организација „Свети Спас“, како и на волонтерите кои активно учествуваа во акцијата.

„Како општина, и самите обезбедивме значителен број брзорастечки дрвја, со цел да создадеме поздрава и позелена средина за нашите жители,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел создавање на одржлива и еколошки свесна заедница. Со ова, Кисела Вода станува пример за посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување на подобар квалитет на живот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк