Connect with us

Македонија

За молерисување на 100 квадрати и до 1.000 евра: За добар молер денес се чека и до три месеци!

Published

on

Закажувањата на три месеци однапред во претходните години најмногу се однесуваа на давање здравствени услуги, а во последно време е потребно многу време да се најде и добар молер. Ги има толку малку на пазарот што е тешко да ги добиете на телефон, а уште потешко да ги ангажирате – пишува вработување.мк.

Зошто е тоа така и кои се проблемите и предрасудите со кои секојдневно се соочуваат молерите, зборуваат Стеван и Давид кои со децении се занимаваат со оваа работа.

Стеван Петровиќ нагласува дека луѓето речиси и не се свесни колку е напорна и тешка оваа работа. Тој исто така тврди дека е голема заблуда дека секој може да молерисува.

За да бидеш вистински молер потребни се и до три месеци за да се усовршите, вели Стефан.

Да речеме, се случува на градилишта, во приватни станови или деловни згради да имаме молери кои дошле по платена пракса, а нивниот став е како да знаат се.

– По два дена ни се извинуваат на сите, бидејќи сфаќаат дека работата е многу потешка отколку што мислеле. Основните работи може да се совладаат за два ипол до три месеци интензивна работа, додека нивната почетна плата е околу 2.000 динари, вели Стефан.

Затоа што едноставно, на пазарот има толку малку квалитетни молери а обемот на работа е огромен. Затоа се вклопуваме, земаме двајца клиенти кои се во близина, па додека се суши она што го правевме на едниот, одиме кај другиот и обратно.

Цел текст ТУКА

Македонија

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје.

„Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз“, рече Мицкоски.

Тој вели дека од информациите со коишто располага од Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

Continue Reading

Македонија

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Published

on

Во последното деноноќие делови од Македонија беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата, најмногу во Битола и Штип.

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи во Битола, пожарникарите интервенирале на повеќе локации.

Меѓу штетите се паднат кров на две згради на улицата Нико Фундали, каде има настаната штета и на неколку возила.


Кровот се откорнал и од зградата кај печатницата Киро Дандаро, како и од зграда на улицата Хераклеа. Надлежните соопштија дека без дел од кровната конструкција останаа и две куќи на улиците Јанко Палигора и Партизанска.

Ветрот со јачина од 60 километри на час откорна и дрвја, билборди, а на земи завршија и голем број бандери во градот и жици кои предизвикале искрење.

Во Штип, според информациите имало повеќе паднати дрвја, како и откорнати делови од покриви на повеќе локации во градот и околината. Оштетени се електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

Ветрот направи проблеми и Охрид, Виница, Тетово. Интервенирано е поради откачен лимен кров, паднато дрво и бандера.

УХМР најави дека и денес ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец над 70 километри на час. Засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: „Љубовта кон народот и тимската посветеност се нашиот пат кон успехот!“

Published

on

Во животот, постојат многу двигатели, но љубовта е она што ја носи вистинската сила. За градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, љубовта кон семејството и народот е најголемиот мотиватор за секојдневната борба за подобра иднина.

„Без мојот тим и без поддршката на мојот народ, ништо од ова немаше да биде возможно. Тимот кој е со мене со децении е клучот на нашиот успех,“ вели Ѓорѓиевски.

Со посветеност која не познава изговори и со јасна цел – работа за доброто на сите, Ѓорѓиевски порачува: „Кога се сака, сѐ се може, кога се работи со и од љубов.“

Тој додава дека предизвиците се секојдневие, но тие се причина повеќе да се радуваш на напредокот. Слободното време можеби е жртвувано, но резултатите зборуваат за себе.

Со силна верба во заедничките напори и посветеност, Ѓорѓиевски ја завршува својата порака со оптимизам: „Најдоброто допрва доаѓа!“

https://www.facebook.com/share/v/1CdV2SJxuV/?mibextid=0r8j9z

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк