Connect with us

Македонија

ВО САБОТА ПОЧНУВААТ АКТИВНОСТИТЕ за изградба на автопатот Прилеп-Битола, од Скопје до таму за час и 40 минути

Published

on

Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп-Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион, најави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Автопатот ќе биде модерен, со вкупно шест ленти, по три во двете насоки и ќе има помошен алтернативен пат.

– Од Градско до влезот на Прилеп ќе се вози по експресен пат, таму ќе има еден кружен тек каде лево ќе се влегува во Прилеп, а десно до Битола ќе се вози по нов автопат. За три години од денес, од Скопје до Битола ќе имаме автопатско решение, што значи дека патувањето од Скопје до Прилеп ќе се намали на еден час и десетина минути, а до Битола на еден час и четириест минути. Тоа значи дека ќе се смени динамиката на развој, ќе има раздвижување на економијата, на бизнисот, бидејќи голем дел од БДП-то доаѓа од овој регион – рече Николоски.

Бенефит ќе имаат и општините во тој дел, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Ресен, додаде министерот.

– Ова е огромен проект, кој не е виден во Централна Македонија и кој целосно ќе ја промени сликата во Пелагонскиот регион – рече тој.

Николоски потенцирше дека во изминатиот период се соочил со бројни предизвици за овој проект, како што е деминирање на бројни експлозивни направи од Првата светска војна. Со помош на Министерството за одбрана се засилила динамиката на деминирање на теренот и се ослободиле 12 километри за работа.

Најголем проблем, како што рече, била експропријацијата. Во минатите три месеци се решени околу 2.400 предемти за експропријација, за три пати повеќе отколку претходно.

Николоски додаде дека активно се работи и на изградба на експресниот пат Градско -Дреново, кој се очекува да се пушти за сообраќај до Нова година. Се гради и експресниот пат од Дреново до Фариш, кој се очекува да се заврши напролет следната година.

– Решивме да не правиме калкулации и да работиме. Експресниот пат беше пред раскинување на договорот, имајќи предвид дека овој патен правец се работи со средства од ЕУ и средства од буџетот. Една и пол година не била формирана комисија со што се соочувале да се раскине договорот, изведувачот да оди на арбитража, со голема можност да ја добие арбитражата. Комисијата ја формиравме, ги надминавме проблемите и активно се работи на изградбата на патот – рече Николоски.

Тој најави дека следната година ЈП за државни патишта ќе избере изведувач за доизградба на експресниот пат од Фариш до Прилеп

Македонија

Инцидент во Тетовско: двајца мажи нападнале жена

Published

on

На 21.11.2024 во 14.50 часот и во 19.05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Л.З. (36) од с. Боговиње и Н.М. (31) од с. Пирок, кои во 12.55 часот биле пријавени дека физички ја нападнале К.З. (29) од Боговиње. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Денес се навршуваат три години од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во која загинаа 45 лица

Published

on

На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул.

Казна затвор од една година и осум месеци казна доби сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата. Казнета беше и фирмата „Беса транс“ како правно лице со парична казна од 800.000 денари и доби забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина.

Continue Reading

Македонија

Димовски: Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ

Published

on

Илија Димовски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и директор на Центарот за комуникации, направи своја анализа во гостувањето во магазинот „Трилинг“:

Треба да видиме дали е реално сценариото за одложено дејство на уставните измени. Не можам да кажам затоа што ги немам во детали информациите. Не сум вклучен во она што значи дипломатија позади сцената. Ние имаме комплексна ситуација во односите со нашите соседи. Пред се тука мислам на Бугарија и на Грција. Од една страна приоритетно за државата е да изгради што е можно подобри односи со овие два соседи коишто се членки на ЕУ, коишто треба да бидат некаков стабилизирачки гарантор за целиот регион, коишто економски се посилни од нас, коишто треба да бидат некаков иницијатор за позабрзан економски развој кај нас. Од тој аспект мислам дека нашата држава треба да го гледа билатерален како мултилатерален. Ние немаме проблем со Бугарија или со Грција. Ние имаме проблем на признавање на постоењето и континуитетот на македонскиот народ. Тука е проблемот и со Преспанскиот договор. Тој погледнат низ грчката призма не е промената на името туку членот 7, каде што се дефинира и поделува македонскиот идентитет на два сосема различни идентитети – еден Хеленомакедонизам, еден Славјаномакедонизам. Тоа е амбицијата на грчката Република.

– И бугарската држава ја има истата таа амбиција, да искреира Бугаромакедонизам и нов Постмакедонизам кој. Ние треба да докажеме дека Македонизмот во едната, другата, третата, па ако сакате и во четвртата верзија со македонците – муслимани ии помаците, дека имаат свој корен, своја суштина, ист фолклор, ист јазик, обичаи, песни, херои низ историјата итн. Ние треба да се обидеме она што го прават како дезинтегративен процес спрема Македонскиот народ, некриејќи ги компонентите македонски во својата национална структура и Грција и Бугарија, ние да го искористиме во обратен процес и да создадеме мостови, да ги отвориме границите, да соработуваме на сите полиња.

– Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ. Државата треба да има прагматичен и политички динамизиран однос кон Преспанскиот договор, којшто е адекватен на периодот во којшто се наоѓа државата – односите со ЕУ, со стратешките партнери итн. Но треба да не ја испуштаме позицијата во која што ќе велиме дека Преспанскиот договор е неправда спрема Македонскиот народ и Македонскиот народ има право на долга, средна или кратка перспектива да се бори против последиците од тој Преспански договор.

Според Димовски „уставни промени без одложено дејство се невозможни, а што е возможно ќе видиме“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк