Connect with us

Инфо +

Проверете дали сте еден од среќниците: Извлечени добитниците на по 20.000 денари од наградната игра МОЈ ДДВ

Published

on

Вечерва лотаријата ги извлече добитниците на наградната игра МОЈ ДДВ. Лотото се емитуваше на Канал 5.

Граѓаните кои скенираа сметки, покрај тоа што добиваат поврат на ДДВ, учествуваат и во наградната игра.

Вечерва беа доделени 15 награди по 20.000 денари, а добитниците се следниве:

Ивана Митрески, Неготино; 2. Весна Стаменковска Митковска, Скопје; 3. Станко Јовановски, Македонска Каменица; 4. Татјана Гнип-Катароска, Прилеп; 5. Ѓоре Гиновски, Охрид

Габријела Николиќ, Скопје,; 7. Нели Нелковска, Ресен; 8. Неџмије Алиу, Тетово; 9. Татјана Руневска Ѓоргиевска, Скопје; 10. Сања Станишковска, Куманово

Александра Смилевска, Скопје; 12. Игор Цветковски, Скопје; 13. Марко Наумовски, Скопје; 14. Елена Катранова, Велес; 15. Ивана Митковска Теовска, Скопје.

Добитниците би требало да бидат известени преку нивната апликација “МОЈ ДДВ”, а и да бидат објавени на официјалната веб страница на државната лотарија.

Инаку во ова денешно 9-то коло учествуваа вкупно 20.064.362 фискални сметки, кои биле скенирани во периодот од 1.10.2020 до 31.10.2020.

Следното коло ќе биде последно и тогаш ќе биде извлечена главната награда.

Македонија

Коњановски: Битола ја отвора вратата за соработка со Казахстан

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Казахстан, Н.Е. Сатибалди Буршаков. Средбата се одржа во духот на меѓусебно пријателство и со заедничка визија за продлабочување на економската, културната и туристичката соработка меѓу Битола и Казахстан.

Градоначалникот Коњановски го информираше амбасадорот за клучните проекти што ги спроведува општината, како и за природните ресурси и можностите за странски инвестиции. Беше посебно нагласена важноста на соработката во областите на туризмот, производството и трговската размена.

Од своја страна, амбасадорот Буршаков ја претстави економската динамика на Казахстан, со акцент на растот во градежништвото, енергетиката и извозот на храна. Тој изрази подготвеност за иницирање нови заеднички проекти, вклучувајќи отворање конзуларно претставништво во Битола и збратимување на градот со казахстанска општина.

„Со отворање на вакви мостови за соработка, не само што ќе го поттикнеме економскиот развој, туку ќе создадеме и услови за размена на културни и туристички вредности,“ изјави Коњановски.

Средбата заврши со заедничка заложба за конкретни активности кои ќе ги продлабочат релациите меѓу двете земји.

Continue Reading

Македонија

Божиновска на Министерски совет на ЕЗ во Австрија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е во работна посета на Виена, Австрија, каде утре ќе учествува и ќе се обрати на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница (ЕЗ).

-Министерски совет на Енергетската заедница, ќе ги собере министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница. На овој годишен состанок, ќе се дебатира околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата, како и теми поврзани со управувањето со водите, живеалишта и дивите птици во насока на идното воведување на дополнителни законодавни обврски од овие области, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На состанокот на Енергетската заедница заедно со министерката Божиновска, присуствува и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.

Continue Reading

Македонија

Туркиш ерлајнс од 27 март започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Published

on

Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната сезона, објави специјализираниот портал за авио сообраќај “Ексјуевиејшн”.

Летовите од аеродоромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе започнат со летниот ред на летање на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Како што наведува порталот турската авиокомпанија ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.

-Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, истакна неодамна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Оваа линија Истанбул-Охрид е дел од линиите за кои Министертвото за транспорт ќе обезбедува финансиска подршка за период од 2025-2027 година, согласно јавниот повик што го објави оваа година.

На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно критериумит, финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.

За прв пат се применува моделот на субвенционирање на патници во доаѓање според кој се очекува да се зголеми бројот на патници за плус 200 илјaди на годишно ниво.

Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.

Воспоставувањето на линијата Охрид-Истанбул значително ќе влијае врз развојот на туризмот на охридско-струшкото крајбрежје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк