Connect with us

Инфо +

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Published

on

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

Македонија

ФОТО: Притворено лицето што го запали македонското знаме

Published

on

Притворено лицето кое вчеравечер го запалило знамето на Македонија на скопските улици за време на прославата на Денот на албанското знаме, дознава НетПрес од извори во истражните органи.

Нашите информации велат дека лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.

Continue Reading

Македонија

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

Published

on

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8 дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото, информираат од Кривичниот суд.

Приведените лица, се вели во соопштението, се сомничат за кривчното дело од чл.319 ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.

ЈОРСМ, претходно информираше дека Основното јавно обвинителство Скопје, повело постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик, додека против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.

-Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

За полнолетните осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Continue Reading

Македонија

Гаши: Благодарност за исклучителниот придонес на професорот Хазби Фејзин

Published

on

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, за време на својата посета на Гостивар, оствари средба со истакнатиот ветеран на образованието, Хазби Фејзин.

Фејзин, кој 41 година од својот живот посветил на образованието, оставил длабока трага врз бројни генерации ученици, влијаејќи на нивното оформување и пренесувајќи скапоцено знаење и вредности.

„Имав чест и задоволство да се сретнам со г. Хазби Фејзин, човек кој со својата долгогодишна работа остави трајно наследство во областа на образованието. Оваа средба беше можност да изразам благодарност за неговиот исклучителен придонес,“ изјави Гаши.

На средбата беше истакнато значењето на образованието како темел на општествениот развој, како и улогата на просветните работници кои со својата посветеност ги обликуваат идните генерации.

Средбата со ветеранот Хазби Фејзин е дел од напорите на Гаши за афирмација на важноста на образованието и вреднување на оние кои го граделе неговиот развој низ годините.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк