Connect with us

Македонија

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Published

on

Почитувани и исто толку драги,
Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.
Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.
Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.
Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.
Ви благодарам од се срце!
Секогаш ваш!
Арбен

Македонија

Коњановски на терен со зимската служба во Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен заедно со екипите на зимската служба кои активно работат на расчистување на снегот од патиштата во повисоките села на општината.

„Во моментот зимската служба ќе пристапи кон чистење на селата кои се наоѓаат на повисоките места во Битола. Екипите ќе бидат цела вечер на терен,“ изјави Коњановски.

Со оглед на обилните врнежи од снег, локалната самоуправа ја активираше зимската служба со цел да обезбеди пристапност до сите населени места, особено до оние кои се соочуваат со потешкотии поради неповолните временски услови.

Градоначалникот потенцира дека општината е подготвена да се справи со снежните услови, а службите остануваат во состојба на постојана мобилност додека трае потребата.

Жителите на повисоките села во Битола ги поздравија напорите на екипите и локалната власт за брзата реакција и ангажманот за одржување на проодноста на патиштата.

Continue Reading

Македонија

Интензивирањето на изградбата на автопатиштата од Градско до грчката граница, ќе го препороди бизнисот во Пелагонискиот регион

Published

on

Успорен или никаков развој, губење на странски деловни партнери, инвестиции и пазари, отежнат транспорт, работење со загуби. Многу од компаниите кои сме сместени во срцето на Пелагонија, децениското отсуството на адекватна патна инфраструктура, со години го плаќаме прескапо, констатира градежниот стопанственик од Прилеп, Гордан Бошкоски. Оттука, конечната изградба на автопатиштата од Градско, па се’ до грчката граница, ќе значи и своевиден препород за целокупниот бизнис во овој регион, вели тој.

Пелагонискиот регион беше буквално „слепо црево“ за инвеститорите. Сме имале случаи кога одредени добавувачи кои ги носат од странски компании, да ни речат – „јас немам на полош пат поминато со шлепер во поширокиот дел на Европа“…Кога ќе имате автопат, кога ќе имате таква работа, тогаш дефинитивно, ќе доаѓаат и странски компании како инвеститори заради тоа што е многу лесно поврзувањето со пристаништето во Солун…Значи, тука е крвотокот на бизнисот. Без современи патишта нема развој на економијата, дефинитивно е тоа“, – дециден е Гордан Бошкоски, градежен стопанственик од Прилеп.

  Од друга страна, Пелагонискиот регион, со години е и втор по големина во придонесот на формирањето на БДП во Македонија со скоро 12 насто, а во исто време пак, е со најмал процент на застапеност на „сивата“ економија. Ова, според Бошкоски е и причина повеќе, оваа Влада посериозно да се посвети на развојот на овој регион, бидејќи, како што вели, негативните рефлексии и врз тековното работење, и врз реалниот развој, сега им се огромни.

  „Фирмите и компаниите кои што работат во овој регион, транспарентно си ја обавуваат работата. Работат законски и.т.н., додека тоа не е случај со некои делови од Македонија…Компании кои што се јавуваат, а се подложни да работат и буквално „на црно“, ни претставуваат нелојална конкуренција“, – категоричен е Бошкоски.

   Инвестицискиот „бум“ во овој дел од земјата, особено во патната инфраструктура, неодамна го најави и ресорниот министер и вице-премиер, Александар Николоски. Тој рече дека до Нова година ќе биде пуштена првата делница до Дреново од Експресниот пат Градско –Прилеп, до март – Дреново-Фариш, а за три години да биде готов и автопатот Прилеп-Битола. А тука е и изградбата на битолската Обиколница, како и на Експресен пат до Граничниот премин „Меџитлија“.

Continue Reading

Македонија

Наследивме катастрофа во земјоделството, НЕМА ВЕЌЕ ДОЦНЕЊЕ ВО ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството.

– Што се однесува до тој дел од општеството, катастрофална и алармантна беше состојбата. Се консолидира. Не велам дека е идеална. Ќе треба да се продолжи со консолидирање. Знам дека редовно тече исплатата, да не речам и пред време – рече Мицкоски посочувајќи дека интервентно се исплатени отприлика 140 милиони денари за земјоделците кои одгледуваат пченица.

Тој потенцира дека веќе нема да има доцнење во исплатата на субвенциите.

– На тој начин полека, но сигурно колку можеме да помогнеме – помагаме. Дали е доволно? Не е доволно. Треба уште. Но, истовремено сум убеден дека во периодот што следи, уште повеќе ќе има во таа насока. Нема веќе доцнење. Сето она кое што порано било долгови и се трудиме да го вратиме. Очекуваме околу 25 до 30 проценти, заедно со тековните исплати во следниот буџет да биде регулиран и веќе во 2026 година да имаме нормална состојба и да немаме веќе доцнење. Би сакал да имаме што повеќе посеани површини со земјоделски производи. Ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ тоа да се случи – рече Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк