Connect with us

Македонија

Тошковски: Уапсени 8 лица поради предизвикување расна и верска омраза

Published

on

Сакам да упатам порака до сите што сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија, да  им порачам дека полицијата ќе одговори соодветно на сите предизвици, времето на крив е пајакот или кабелот е поминато. 

Македонската полиција веќе реагираше по вчерашните инциденти за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше уништено македонското знаме, истакна на прес конференција министерот Панче Тошковски. 

-Упсени се веќе осум лица. Четири учесници во тепачка а другите 4 лица се уапснеи заради тоа што за нив имаме основата сомнение 319 од КЗ кое се однесува на предизвикување расна и верска омраза, за кое се предвидува казна затвор од 1 година, еден од нив е малолетник а тројца се млади лица на возраст од 18 до 21 година.Тие се веќе приведени и наскоро ќе бидат изнесени пред суд. Веќе е уапсено и лицето кое до црвен автомобил го кинеше македонското знаме, рече меѓу другото министерот Тошковски.

Ги молам сите граѓани кои имаат видеа, фотографии и други информации за сквернавење на македонското знаме да ги достават до МВР, побара Тошковски.

Македонија

Гаши: Пратеничките канцеларии во Гостивар – нов чекор кон поотворено Собрание

Published

on

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска ги посети пратеничките канцеларии во Гостивар, каде направи увид во тековното реновирање и функционирање на просториите.

На средбата присуствуваа и пратениците од регионот, како и градоначалникот на Гостивар, кои заедно ја истакнаа важноста од ваквите проекти за зајакнување на транспарентноста и инклузивноста на законодавниот процес.

„Овие канцеларии ќе претставуваат директен мост меѓу граѓаните и нивните избрани претставници. Граѓаните на Гостивар ќе можат лично да ги упатат своите барања, потреби и идеи до пратениците, што ќе придонесе за поефикасна комуникација и зајакнување на довербата во институциите,“ изјави Гаши.

Според Гаши, пратеничките канцеларии се клучен инструмент за зголемување на отчетноста и активната вклученост на граѓаните во креирањето на законите кои влијаат на нивната благосостојба.

Со завршувањето на реновирањето, пратеничките канцеларии во Гостивар ќе бидат целосно функционални и достапни за граѓаните, што претставува уште еден чекор кон поотворено и транспарентно Собрание. Оваа иницијатива, според него, е доказ за посветеноста на Собранието да биде поблиску до граѓаните и нивните потреби.

Continue Reading

Македонија

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна  и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места  и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните  и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има  и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните  и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2  и 5 степени“, вели тој.

Continue Reading

Македонија

Филков: Поддршката на Чешка е важна за реформите во правосудството

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, на која беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес. Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите во правосудството и европската интеграција на државата.

Амбасадорот Лудва ја истакна континуираната поддршка на Чешка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, нагласувајќи дека реформите во правосудниот сектор се клучен елемент за напредокот на земјата на европскиот пат.

Министерот Филков информираше за тековните и планираните активности во правосудниот систем, со посебен осврт на реформите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. „Дигитализацијата на судскиот систем е од суштинско значење за обезбедување транспарентност и ефикасност,“ изјави Филков, дополнувајќи дека ова е значаен дел од Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028.

Филков ја изрази својата благодарност за поддршката на Чешка и ја нагласи важноста на билатералната соработка за подобрување на правниот систем. Тој истакна дека реформите во правосудството не се само национален приоритет, туку и предуслов за унапредување на демократијата и владеењето на правото.

Средбата заврши со согласност за продлабочување на соработката меѓу двете држави, особено во делот на правосудните реформи и усвојувањето на најдобрите европски практики.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк