Connect with us

Македонија

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна  и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места  и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните  и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има  и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните  и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2  и 5 степени“, вели тој.

Македонија

(Фото) Во Битола силно светна сонцето

Published

on

Соопштение на Чкембари Битола: 

ГЛЕТКАТА КОЈА НЕ САКАА ДА ЈА ВИДАТ!

Браво битолчани, секогаш горди, достоинствени и на браникот на татковината.

Дождот воопшто не беше проблем гордо да застаниме во одбрана на македонското сонце.

БИТОЛА ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Continue Reading

Македонија

„Рација“ во угостителски објект во Тетовско – затекнати странски државјанки без регулиран престој

Published

on

Денеска (01.12.) во периодот од 00.30-03.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци.

При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава –  Б.В.(44) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.А.(20) од Р.Украина, А.Н.(33) од Р.Украина, К.Н.(30) од Р.Казахстан, М.Л.А.(28) од Р.Франција, и тие се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Continue Reading

Македонија

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ – УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

Published

on

Даночната администрација се огласи со соопштение. 

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за месец октомври 2024 година, да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки.

Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври 2024 година изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3,949 даночни обврзници. Управата за јавни приходи им се заблагодарува на дисциплинираните даночни обврзници кои ја платиле својата даночна обврска во законскиот рок до 25 ноември.

Согласно анализата, останатите 1,198 даночни обврзници кои не ја исполниле својата обврска, ги повикуваме да ја платат својата даночна обврска без одложување со вкупен износ од 758,6 милиони денари. За секој ден задоцнето плаќање, согласно законот ќе се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг.

Даночните обврзници кои и по овој повик нема да ја уплатат својата обврска по основ на ДДВ, од 3 декември преку порака ќе добијат опомена, ако и по таа мерка не го платат долгот, веќе од 23 декември ќе се започне и со мерки за блокирање на нивните трансакциски сметки.

Редовното и навремено плаќање на даночните обврски не само што е законска обврска, туку е и основа за финансиска стабилност на нашето општество. Со навремено исполнување на даночните обврски, придонесуваме за развојот на инфраструктурата, здравството, образованието и другите важни јавни услуги, што сите ги користиме.

Со навремено исполнување на даночните обврски, заедно придонесуваме за просперитетна иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк