Connect with us

Македонија

Македонски концепт: Поддршка до Владата за елиминација на заостанатите криминални структури во судството и обвинителството

Published

on

Партијата Македонски концепт ги повикувам надлежните институции и Владата на Република Македонија на поинтензивен и одлучен пристап во разобличување и елиминација на заостанатите криминални структури во судството и обвинителството. Порачуваат дека овие структури претставуваат сериозна закана за правдата, довербата на граѓаните и владеењето на правото.

-Потребно е итно преземање на конкретни чекори за реформа, транспарентност и враќање на интегритетот во овие витални институции. Единствено со цврста решителност и координиран напор може да се обезбеди праведност и еднаквост пред законот за сите граѓани.

Ги охрабруваме сите чинители во општеството да го поддржат овој процес како дел од заедничката борба за подобра иднина, стои во партиското соопштение.

Македонија

Меџити: Половина од „Европскиот фронт“ се на црните листи на САД

Published

on

Првиот заменик-премиер на Северна Македонија, Изет Меџити, во интервју за емисијата на Ррон Џиновци во Косово, упати жестока критика кон трансформацијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и актуелното раководство на партијата.

„Бев дел од ДУИ од првиот ден, но тоа беше ДУИ на идеалите, на ОНА и на вложувањето на Албанците. Не ова денешно ДУИ, кое со умот на Артан се претвори во слуга на Сашо Мијалков и Никола Груевски, касапите на Албанците,“ изјави Меџити.

Тој го обвини актуелното раководство на ДУИ дека се оддалечило од интересите на САД и дека ја изгубило првичната визија. „Ова денешно ДУИ е антиамериканско, а тоа го докажува фактот дека половина од Европскиот фронт се на црните листи на САД,“ додаде тој.

Изјавите на Меџити отвораат прашања за политичката насока на ДУИ и нејзината позиција во однос на идеалите од минатото и стратешките меѓународни сојузници.

Continue Reading

Македонија

Ќе уживаме во многу продолжни викенди – Ова се сите неработни денови за следната 2025 година

Published

on

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ: 1 јануари (среда), Нова Година, 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден, 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (четврток), Ден на трудот, 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 21 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (четврток), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ: 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ: 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: 23 мај (петок), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

Continue Reading

Македонија

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година

Published

on

Измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.
Имено, од месец октомври 2023 година не се спроведува стручниот испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Министерството за социјална политика, демографија и млади е надлежно за издавање на лиценците за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник, за воспитувач, лиценца за негувател и лиценца за директор.

Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст е неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат, односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат да аплицираат за вработување во детските градинки, каде во моментов има најголема потреба од вработување на ваков кадар на државно ниво.

Измената на законското решение овозможува во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на лиценца за работа, односно со полагање на испитот во хартиена форма со времетраење до 01.01.2026 година.
Со измената на Законот се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните и неговото писмо.
Со овој Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Северна Македонија број 121/2024).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк