Connect with us

Европа

Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа?

Published

on

Радио Слободна Европа известува дека Русија наводно има тајна база за нуклеарно оружје во Белорусија, а првиот доказ за тоа е наводно незначајна фотографија снимена во базата за муниција 1405., која се наоѓа во централниот дел на Белорусија. Фотографијата, објавена на интернет во септември минатата година, прикажува монитор кој го покажува нивото на зрачење во базата, иако се наоѓа повеќе од сто километри од најблиската нуклеарна електрана, пренесува Дневник.hr.

Новинарите на Радио Слободна Европа исто така откриле докази кои укажуваат на засилени мерки за нуклеарна безбедност во близина на базата1405.

Документите откриваат дека на оваа локација се чуваат хемикалии за јодна профилакса, која е заштитна мерка во случај на нуклеарен инцидент. Ова е наведено во анексот на документацијата која се однесува на изградба на нова железничка пруга која ќе ја поврзе базата со воената база Осиповичи, за која се верува дека би можела да биде складиште за руски нуклеарни боеви глави.

Сателитски снимки покажуваат дека минатата година започнала изградбата на железничката пруга која ќе го поврзе складиштето за муниција со блиската воена база Аспировичи. Документацијата за овој проект, која вклучува детали за изградба на стражарски простории, реновирање на касарни и складишта за оружје, била доставена до новинарите од страна на Белпол, група на поранешни белоруски безбедносни службеници кои сега работат против режимот.

Европа

Ништо од договорот? Откриено што се случува во моментов во Украина и Русија

Published

on

Иако Украина и Русија постигнаа договор со Соединетите Американски Држави за пауза во нападите на енергетската инфраструктура, двете страни денес се обвинија меѓусебно за кршење на истиот.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа двапати нападнала руски енергетски објекти, и покрај договорот, постигнат со посредство на САД, за прекин на нападите на енергетската инфраструктура на двете земји.

Според наводите на министерството, Украина извела напади со дронови и артилерија на објекти во руската област Курск. Како што пренесе РИА Новости, тоа довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во руските напади оштетиле енергетски објекти во областите Суми и Дњепропетровск.

– Беспилотно летало погоди трансформаторска станица во североисточната област Суми, додека артилериска оган оштетил далековод во централната област Дњепропетровск, поради што без струја останале речиси 4.000 потрошувачи – напиша Зеленски на Икс.

Москва досега ја одби американската понуда за целосно примирје, пренесува Ројтерс.

Continue Reading

Европа

Уште една држава во Европа започнува со сериозна подготовка за војна со Русија? Се повлекуваат од важен договор, и забрзано работат на својата одбрана

Published

on

Финска планира да се повлече од глобалната Конвенција за забрана на противпешадиски мини и да ги зголеми своите воени трошоци на најмалку три проценти од БДП до 2029 година, како одговор на растечката воена закана од Русија, објави финската влада, пренесува Ројтерс.

Полска и балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија – веќе соопштија дека се повлекуваат од Конвенцијата од Отава од 1997 година, поради заканата што Русија ја претставува за нив и за Европа.

Со повлекувањето од договорот, Финска, која има најдолга граница со Русија од сите членки на НАТО, би можела повторно да почне со складирање противпешадиски мини, доколку биде потребно.

На прес-конференција, премиерот Петри Орпо истакна дека иако во моментов нема непосредна воена закана за Финска, Русија претставува долгорочна опасност за цела Европа.

„Повлекувањето од Конвенцијата од Отава ќе ни овозможи да се подготвиме подобро и поцелосно за промените во сегашната безбедносна средина“, рече Орпо.

Тој додаде дека Финска ќе инвестира дополнителни три милијарди евра за одбраната, што ќе ги зголеми воените трошоци од 2,41 отсто од БДП во 2024 година на три отсто до 2029 година.

„Ова е дел од нашиот придонес за Европа, која презема поголема одговорност за својата одбрана“, напиша финскиот претседател Александар Стуб на Х.

Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, што претставува значајна политичка промена по децении неутралност.

Continue Reading

Европа

Ова се случува за прв пат од Втората светска војна: Погледнете каде Германија постави свои војници

Published

on

Германија денеска трајно распореди оклопна бригада од 5.000 војници во Литванија, што претставува прво официјално распоредување германски воени сили во странство по Втората светска војна.

45. оклопна бригада, која ќе биде под командата на генералот Кристоф Хубер, официјално беше активирана во Вилнус, а формиран е и привремен штаб. Генералот Хубер истакна дека главната мисија на бригадата е да обезбеди “заштита, слобода и безбедност на литванските сојузници на источното крило на НАТО”.

“На овој начин го штитиме не само територијата на НАТО, туку и самата Германија”, изјави Хубер.

Берлин се обврза на долгорочно распоредување на војската во 2023 година, откажувајќи се од повеќедецениската политика на избегнување трајно стационирање борбени трупи во странство.

Ширењето на НАТО на исток, особено во Украина, се смета за една од главните причини за конфликтот со Русија. Москва тврди дека не претставува закана за Европа, но категорично не прифаќа присуство на војници од западниот воен пакт во своето соседство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк