Connect with us

Инфо +

Од први јули пасоши со “северна”, а еве до кога најдоцна ќе важат старите со “Република Македонија”

Published

on

Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име, предвидува меѓу другото Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија, кој помина вчера во прво читање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот на седницата помина без расправа и беше даден на натамошно постапување.

Како што образложи повереникот од Министерството за внатрешни работи Весна Доревска, со измените и дополнувањата на Законот се врши усогласување со одредби од Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Имено, со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи. За патните исправи како личен документ на граѓаните,се врши усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е утврден во Законот за употреба на јазиците.

Покрај наведеното, предвидено е и усогласување на Законот со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија, од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот предвиден во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени.

Обрасците на патните исправи и на визите, се посочува, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо. Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо, освен интернационалните ознаки (кодови), што се запишуваат согласно со утврдените меѓународни стандарди.

-Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република С. Македонија, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република С. Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На нивно лично барање, податоците што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Исто така, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот, стои во Предлог законот.

Предлог законот содржи преодна одредба која предвидува дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во патната исправа, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени. Законот, според предлогот, треба да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република С. Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Македонија

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје.

„Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз“, рече Мицкоски.

Тој вели дека од информациите со коишто располага од Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

Continue Reading

Македонија

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Published

on

Во последното деноноќие делови од Македонија беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата, најмногу во Битола и Штип.

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи во Битола, пожарникарите интервенирале на повеќе локации.

Меѓу штетите се паднат кров на две згради на улицата Нико Фундали, каде има настаната штета и на неколку возила.


Кровот се откорнал и од зградата кај печатницата Киро Дандаро, како и од зграда на улицата Хераклеа. Надлежните соопштија дека без дел од кровната конструкција останаа и две куќи на улиците Јанко Палигора и Партизанска.

Ветрот со јачина од 60 километри на час откорна и дрвја, билборди, а на земи завршија и голем број бандери во градот и жици кои предизвикале искрење.

Во Штип, според информациите имало повеќе паднати дрвја, како и откорнати делови од покриви на повеќе локации во градот и околината. Оштетени се електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

Ветрот направи проблеми и Охрид, Виница, Тетово. Интервенирано е поради откачен лимен кров, паднато дрво и бандера.

УХМР најави дека и денес ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец над 70 километри на час. Засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: „Љубовта кон народот и тимската посветеност се нашиот пат кон успехот!“

Published

on

Во животот, постојат многу двигатели, но љубовта е она што ја носи вистинската сила. За градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, љубовта кон семејството и народот е најголемиот мотиватор за секојдневната борба за подобра иднина.

„Без мојот тим и без поддршката на мојот народ, ништо од ова немаше да биде возможно. Тимот кој е со мене со децении е клучот на нашиот успех,“ вели Ѓорѓиевски.

Со посветеност која не познава изговори и со јасна цел – работа за доброто на сите, Ѓорѓиевски порачува: „Кога се сака, сѐ се може, кога се работи со и од љубов.“

Тој додава дека предизвиците се секојдневие, но тие се причина повеќе да се радуваш на напредокот. Слободното време можеби е жртвувано, но резултатите зборуваат за себе.

Со силна верба во заедничките напори и посветеност, Ѓорѓиевски ја завршува својата порака со оптимизам: „Најдоброто допрва доаѓа!“

https://www.facebook.com/share/v/1CdV2SJxuV/?mibextid=0r8j9z

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк