Connect with us

Инфо +

Штипскиот градоначалник немал ништо против изучување на бугарски јазик во училиштата

Published

on

Бугарскиот амабасадор Ангел Ангелов денеска беше во посета на Општина Штип. Целта на посетата е, како што, рече да се запознае со еден од најновите градоначалници во земјава, но и да донираат 30 пакети помош за социјално ранливи семејства, градоначалникот на Штип, Сашко Николов вели дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик.

– Во време на пандемија да се помогне и тоа наша хуманитарна помош и досега имаме донирано четири тони храна. Го искористивме тој момент за да се запознаеме со градоначалникот, вели Ангелов.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, истакна дека имале пријателска средба, на којашто дискутирале за проектите кои ги има Општина Штип преку Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија.

-Разговаравме и за проекти, што ќе следуваат во иднина, разговаравме и за дополнителна помош и инвестиција и иновација во нашиот образовен систем, локално во нашиот град. Меѓутоа разговаравме и на зближување и збратимување со општините, што се од суштинско значење за Општина Штип. Во духот на добрососедството, во духот на подобрата комуникација, дури дадов и предлог до самиот амбасадор дека немам ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, вели Николов.

Смета дека тоа ќе биде и мост на зближување меѓу двата народи и како што рече во духот на европските вредности ќе продолжат со зближување и добрите односи меѓу двете земји.

Македонија

Ѓорѓиевски: Честитка по повод 80-годишниот јубилеј на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Published

on

Честитам на 80-годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која со својата богатa библиотечна имовина и фонд од над 3 милиони збирки, од кои некои се прогласени за културно наследство, се докажа како клучен стожер на културата, науката и образованието во Македонија.

Со одлука на Президиумот на АСНОМ, оваа библиотека беше основана, а нејзиниот придонес во развојот на Македонија е неизмерен. Денес, благодарение на посветеноста на директорот Јовица Никчевски и неговиот тим, библиотеката продолжува да игра важна улога во зачувувањето и презентирањето на нашето културно наследство.

Со големо задоволство ги поздравувам сите активности и заложби на НУБ, а посебно им честитам за успешно менаџирање на овој важен јубилеј. Познавајќи го директорот Никчевски, сигурен сум дека библиотеката ќе продолжи да има светла иднина и ќе остане непроценлив извор на знаење и културен иденитет.

Честа ми беше да бидам дел од ова значајно случување.

Continue Reading

Македонија

Претрес во Непроштено: Пронајдено оружје и муниција

Published

on

На 22.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) вработен како виш оперативен работник во МВР, од с. Непроштено, кај кого, врз основа на судска наредба од Основниот суд Тетово, во времето од 12 до 16.45 часот, полициски службеници извршиле претреси во неговиот дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост.

При претресите пронајдени се ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети.

По документирање на случајот, против Љ.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје.

„Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз“, рече Мицкоски.

Тој вели дека од информациите со коишто располага од Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк