August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Ако беше жив, ќе наполнеше 34 години: „Секогаш насмеан, кријам и не пуштам ниедна солза…“

Минатата година, само четири дена после неговиот роденден, јавноста во солзи и неверување ја прими веста за смртта на познатиот пејач, Влатко Илиевски.

Да, речиси една година помина откако го загубивме нашиот Влатче. Неговите најблиски сè уште со тага во очите се присетуваат на убавите мигови поминати со него.

Влатко е роден на 02-ри јули, 1985-та година. На својата 12 годишна возраст почнал да свири на гитара. Својата кариера ја започнал на почетокот на 2000-те години, со групата „Made in Macedonia“, а како што поминуваше времето, Влатко стануваше сè попопуларен, барем на нашите простори.

Во 2001-ва година, македонскиот рок бенд „Морал“ го повикал на аудиција. Истата година тие ги снимиле првите песни, а во почетокот на 2002-ра година, пошироката јавност го запозна Влатко како пејач на бендот со инстант успешниот видео спот на – „Мора да е кошмар”.

Влатко од мала возраст знаел што сака и со текот на годините се посветил да оствари сериозна кариера. Иако тој во 2007-ма година ја започнал својата соло-кариера, во која имаше многу познати хитови кои и денес се вртат на македонските плеј листи, Влатко сепак ја остави незавршена својата приказна.

„Секогаш насмеан, кријам и не пуштам ниедна солза, да не им кажам колку сум проклето сам“, е дел од еден негов голем хит, а нам нѝ преостанува да му докажеме дека никогаш нема да го оставиме сам!

Повеќе на точка.ком.мк

%d bloggers like this: