November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Андреа отсекогаш сакала големи усни а сега вели: „За мене нема граници“

Андреа Емилова Иванова (22), студентка од Бугарија, отсекогаш сакала да има големи усни, па веднаш после полнолетството одлучила да поработи на тоа.

Досега потрошила голема сума на пари за да ги зголеми, а филери вбризгала барем 15 пати. Секој третман го платила најмалку 130 евра.

Иако била подложна на естетски третмани, многупати и нејзините усни, како самата таа, воопшто не личат на претходно, но Андреа не планира да застане, пренесува Дејли Меил.


Сака уште поголеми. Вели дека со новите усни се чувствува посреќно и има повеќе самодоверба.

„Ми се допаѓаат усните кои моментално ги имам, се разбира повеќе од оние претходните. Среќна сум бидејќи изгледам поубаво. Во Бугарија ова сега е многу модерно“, рекла Емилова, која вбризгува разни видови филери во усните и ги поминала речиси сите клиники во Софија.

На социјалните мрежи добива и комплименти и критики:

„Добивам многу комплименти за усните и изгледот, од разни генерации ширум светот. Имам и позитивни и негативни коментари, но тие лошите доаѓаат воглавно од жени“, рекла Андреа.

Како што вели и самата, таа не смета дека усните можат да бидат преголеми, бидејќи секој има различна перцепција. Луѓето сами треба да одлучуваат за себе, смета таа и додава:

„Луѓето треба да имаат слобода сами да прават избори. За мене нема граници“, вели Андреа, која би сакала да има наголеми усни на светот, но, вели и дека голема е конкуренцијата.

%d bloggers like this: